TAG Heuer, Google и Intel на овогодинешниот саем за часовници и накит Базелворлд го објавија партнерството за лансирање на швајцарски Smartwatch засилен со Intel технологија и Android Wear. Овој подвиг означува нова ера на соработки помеѓу швајцарските производители на часовници и Силиконската долина.
Соработката се официјализираше за време на конференцијата за новинари одржана во вторник, 19-ти март на саемскиот простор на TAG Heuer. Жан-Клод Бивер (Jean-Claude Biver), претседател на Watch Division LVMH Group и извршен директор на TAG Heuer, Дејвид Синглтон (David Singleton), директор за инженеринг за Android Wear и Мајкл Бел (Michael Bell), корпоративен потпретседател и генерален менаџер на Intel’s New Devices Group, се придружија на сцената.
Заедно, овие компании ќе креираат производ што е луксузен и поврзан со секојдневниот живот на корисникот – кулминација од иновација, креативност и дизајн од Silicon Valley во California и Watch Valley во La Chaux-de-Fonds, Швајцарија.
"Швајцарското производство на часовници и силиконската долина е спој на технолошки иновации со кредибилитетот на производителите на часовници. Нашата соработка овозможува богато поле на синергија, формирајќи “win-win“ партнерство, потенцијалот на трите наши компании е енормен,“ кажа Жан-Клод Бивер.
Gi Semon (Guy Sémon), генерален менаџер на TAG Heuer додаде: “Квалитетот на швајцарските часовници е светски познат. Кога ќе се обедини со креативната технологија и глобалната моќ на две компании како Intel и Google, користејќи ја Android Wear платформата, базирано на Intel технологија, можеме да направиме револуција во нашата индустрија, на што сум горд пионер денес со TAG Heuer."
Дејвид Синглтон истакна: “Со спојувањето на убавината со технологија, швајцарскиот часовник инспирираше генерации на уменици и инжинери – вклучувајќи не и нас во Google. Затоа, воодушевени сме што работиме заедно TAG Heuer и Intel за да донесеме уникатен спој на емоција и иновација до пазарот на луксуз. Заедно, користејќи ја Android Wear платформата, можеме да замислиме подобар, поубав, “попаметен” часовник.”
“Како што работиме за да овозможиме искуствата со технологијата да овозможат поголема корисна вредност на луѓето, Интел е сигурен дека колективниот пристап ќе инспирира нови иновации во “wearable“ технологијата. Соработката TAG Heuer и Google не носи поблиску до остварувањето на визијата за “wearable“ технологија со “smartwatch“ што ја издигнува категоријата,” забележа Мајкл Бел.