Неколкумината ентузијасти кои минатата година за првпат го претставија ова хоби на пошироката македонска јавност оваа година го остварија својот долгогодишен сон и се здружија во клуб. Макетарскиот клуб Скопје е прв од овој вид во нашата држава, неговата основна цел е промоција на макетарското хоби како и подигнување на техничката култура.
По успехот на минатогодишната прва изложба и огромната посетеност, макетарскиот клуб “Скопје” повторно организира изложба на макети и диорами. На Втората изложба на макети и диорами ќе можете да ги видите макетите и диорамите на членовите на клубот, но и да се информирате повеќе околу самите макети, начинот на изработка и слично. Свое учество на изложбата најавија Томислав Краљ, макетар од Р. Хрватска, бродомоделарскиот клуб “Панон“ од Панчево, Р. Србија и Софискиот макетарски клуб Scale models club,
Отворањето е закажано за 4-ти март во 20 часот во Домот на АРМ, а изложбата се очекува да ја отвори командантот на Воено Воздухопловство, полковникот Кире Колевски. Сите заинтересирани коишто сакаат да ја посетат изложбата тоа ќе можат да го направат од 5-ти до 7-ми март, во периодот од 12ч. до 20ч. Влезот е слободен!.
Се надеваме дека ваквите изложби ќе прераснат во убава годишна традиција.