Рубрика: Аудио и видеотехника
FOR-A MV-3200MF Multi Viewer
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 11.02.2015 - 11:00

FOR-A MV-3200MF Multi Viewer Main Frame е уред којшто претставува еден вид срце на системот што служи за гледање голем број слики во исто време (multiviewer system). Уредот поддржува 4 видеовлезови и 2 излеза, но може да се проширува до 32 влезови и 4 излези. Овој multiviewer на FOR-a има широка примена заради големите можности и одличните карактеристики. При дисплејот прави микс на аналогни и дигитални извори со различни резолуциии од различни системи (HD and NTSC/PAL SD), што го прави максимално корисен во реалното светско опкружување, каде што постојат многу желби и вкусови. Уредот поддржува опција на влезови HD/SD-SDI дигитално видео/аудио, аналогно композитно видео, DVI-I аналогно или дигитално видео, аналогно аудио и AES дигитално аудио. Што се однесува до аудиото, тоа може да биде и аналогно стерео, а се добива преку два RCA стандардни конектори. Исто така, MV-3200MF поддржува мешан влез на аналоген композитен сигнал и DVI сигнали со комбинирање на необврзни влезни картички, а допуштен е дури и несинхронизиран сигнал. Постои и влез за DVI-D сигнали на кој може да се врзе друг вјувер во каскада.
За да можете да го користите сето ова потребни ви се само две висини од еден стандарден рам којшто производителот го испорачува со уредот. Секоја опција може да биде прикажана на 32-та прозора, било да е различна сликата на секој или повеќе прозорци да имаат иста слика, со произволен распоред по желба. На секоја излезна плоча може да има максимално 4 часовници. Во меморијата можат да се складираат однапред подготвени комбинации кои со помош на одредена програма се повикуваат рачно или автоматски на одредени временски интервали. Постои можност за испишување текст, но само во два реда и во секој ред има само 16 карактери. Во уредот можат да се сместат две мемориски картички, од кои едната е резервна, за во случај на дефект. Исто така, постои одлична сигнализација, како и аудиометар за тонот.
Електрониката на уредот ги има следните димензии: 88x430x510 mm и тежи 14,5 kg. Работи на температура од 0 до 40 степени целзиусови и чини околу 3 600 долари.
Во пакетот со уредот се добива: кабел за напојување, метален рам и софтвер, како и гаранција од 1 година.