Top Eleven - Be a Football Manager, светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видеоигри, денес ја лансира верзијата 2015, која стана достапна на IOS и Андроид. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, а 10 милиони активни месечни корисници.
Креирана од компанијата Nordeus, новата верзија може паралелно да се игра на мобилните уреди и на интернет-страницата. На насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски клуб, да контролираат сè - од тактиката на својот тим, трансферите на клубот, па до финансиите и исполнетоста на стадионот.
Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат своите пријатели или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати, пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на сопствениот клуб. Уште повеќе, менаџерот на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења, за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се искачат на врвот.
Фановите на видео играта Top Eleven 2015 ќе забележат низа нови промени - подобрувања на корисничкиот интерфејс, на графиката, во напредокот во самата игра и во преговорите за трансфер.
Што е ново во Top Eleven 2015:
• Нови анимации, 3D-дизајн и подобрен кориснички интерфејс што ќе овозможи извонредно реално искуство.
• натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи и на играта вистинска и жива атмосфера.
• Преговарањето за трансфер на играчите сега е потешко.
• Редизајниран е делот во играта за помош, трофеј-собата, и многу поедноставни се менијата.
• Многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција.
• Оптимизираната верзија за таблет корисници овозможува подобра графика и 3D-анимации.
Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за Top Еleven изјави: "Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае сопствениот тим, многу да се мисли и, секако, да се надмудрат конкурентите. Видеоиграта на Nordeus не е ништо поразлично од тоа, и токму поради тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во Top Eleven - играта е одличен пример за тоа како совршено се вклопуваат тим-менаџментот, вештините и страста".
Корисниците, играјќи, лесно може да се префрлат од својот smartphone на таблетот, и да продолжат со истата игра, без губење на напредокот – исто така, може да се престане со игра на еден уред, а да се продолжи на друг.
Играта е достапна бесплатно на IOS и на Андроид, од денес, и може да ја најдете на соодветните online-продавници.
За повеќе информации www.topeleven.com