A’ (A-Prime) Design Award & Competition е водечко меѓународно годишно натпреварување за дизајн, каде што победниците ги одредува жири-комисија. Наградите на A’ Design се класифицирани во широк спектар на креативни полиња со цел да се истакнат најдобрите дизајнери од сите земји и во сите дисциплини. Пријавите за натпреварувањето се внимателно разгледувани и анонимно оценувани од влијателен жири-панел, составен од искусни академици, истакнати членови на печатот и докажани професионалци. A’ Design Award & Competition ветува слава, престиж, публицитет и меѓународно признание за сите победници на A’ Design Award преку наградата A’ Design која се доделува за да се величаат наградените дизајни. Наградата A’ Design е мошне посакуван и сеопфатен комплет за наградените дизајни. Таа вклучува меѓународен сертификат за совршенство во дизајнирањето во метална рамка, покана за ексклузивната гала-вечера во Италија, онлајн + офлајн изложба на наградените проекти, А2 постер на наградените проекти, објавување во годишното печатено издание со најдобрите проекти, специјални 3D печатени метални трофеи во луксузна црна кутија, превод на проектот на повеќе од 20 јазици со цел вистински да се допре до меѓународната публика, ексклузивно интервју со победникот, подготовка и дистрибуција на соопштенија за печат, лиценца за користење A’ Design Award Winner Logo во вашата комуникација, промоција на наградените дела во илјадници други публикации, настапи во медиуми преку нашите медиумски партнери, вклучување во World Design Rankings, како и пристап до други маркетинг и ПР-алатки.
A’ Design Award & Competition е формирана за промоција и за да им се оддаде признание на најдобрите дизајнерски дела во сите земји и во сите креативни дисциплини. Примарна цел на A’ Design Award & Competition е да се создаде глобална свест и разбирање за практиките и принципите на добриот дизајн преку истакнување на најдобрите дизајни во сите земји и во сите индустриски полиња. Крајната цел на A’ Design Awards е да им помогне на дизајнерите и на трговските марки ширум светот да креираат супериорни производи и проекти кои се од корист за општеството.
A’ Design Award & Competition има филантропска цел да го напредне општеството преку проширување на границите на науката, дизајнот, креативноста и технологијата. А` Design натпреварот цели кон креирање мотивациски програми за да се поттикнат и да се наградат креативноста, оригиналните идеи и создавањето концепти во сите индустриски сектори.
Логото за "Добитник на А` Design награда”, кое го добиваат победничките дизајни, ги истакнува оригиналните, функционалните и ефикасните дизајни коишто помагаат светот да стане подобро место за живеење.
Секоја година, проектите насочени кон иновација, технологија, дизајн и креативност се наградуваат со наградата A' Design. Пријавите се прифаќаат годишно до 28. февруари, а резултатите се објавуваат секоја година на 15 април. Дизајнерите од целиот свет се повикани да земат учество во рангирањето преку пријавување на своите најдобри дела, проекти и производи. Пријавите се прифаќаат доколку се дизајнирани во последните 10 години.
Повеќе за наградите A’ Design може да дознаете на http://www.designaward.com и http://www.whatisadesignaward.com,
додека наградуваните дизајни може да се видат на http://www.awardeddesigns.com
На страницата е можно да се прочитаат и интервјуа со наградуваните дизајнери (http://www.design-interviews.com).
Вашите дела може да ги пријавите на натпреварот A’ Design Awards на следната интернет страница http://www.adesignaward.com/registration.php