Со поддршка на Македонски Телеком и на Т-Мобиле, од 23 до 25 јануари ќе се оддржи третиот по ред Global Game Jam во Македонија. Станува збор за интернационален настан за креирање на дигитални игри, којшто се одржува еднаш годишно, симултано на голем број локации низ целиот свет. Global Game Jam е 48 часовен маратон во кој учесниците развиваат игри за иста тема зададена на почетокот на настанот.
Во Македонија, креативците ќе можат да учествуваат во настанот со правење на игри на две локации, првата е во Сивус едукативниот центар во Скопје, а другата е во Бизнис Академија Смилевски во Битола. Годинешниот натпревар за правење на игри ќе биде досега најголем во Македонија не само по бројот на учесниците, туку и по наградите. Двете локации ќе бидат отворени 48 часа нон-стоп. За учество во Global Game Jam Македонија, заинтересираните треба претходно да се регистрираат за да можат да се приклучат на тим којшто ќе изработува игри. На самиот крај од маратонот, секој тим поединечно ќе ја презентира играта пред публика, при што ќе можат да добијат награда.
Македонски Телеком и Т-Мобиле како технолошки лидери на пазарот во фиксна и мобилна телефонија, коишто нудат врвни телекомуникациски решенија и услуги, секогаш ги поддржуваат талентираните и млади луѓе кои што се подготвени за промени и креирање на нови трендови во ИТ индустријата. Па така, се очекува на Global Game Jam Македонија 2015 да се пријават 400 учесника на двете локации во Скопје и Битола. Од десегашното искуство, во Global Game Jam Македонија учествуваат професионалци и студенти, коишто се високомотивирани, тренд сетери и идни лидери во ИТ индустријата. Истовремено, станува збор за млади и амбициозни луѓе, кои се почитувани членови на он-лајн заедницата во Македонија.
Покрај Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, третиот по ред Global Game Jam е поддржан и од Бизнис Академија Смилевски.
Во 2014 година Global Game Jam се одржа на 488 локации во 72 земји. Имаше 23189 учесници и беа создадени околу 4300 игри. На него за првпат учествуваше и Македонија со две локации, ФОН Универзитетот во Скопје и Техничкиот факултет во Битола.