Минатата недела на конференцијата Supercomputing која се одржа во Њу Орлеанс корпорацијата Интел најави неколку нови и неколку подобрени технологии потцртувајќи ја нивната лидерска позиција во сегментот на високата компјутерска технологија (High Performance Computing - HPC). Интел ја претстави идната генерација Intel Xeon Phi процесори, со прекар Knights Hill и презентираше нови детали за архитектурата и можностите на Intel Omni-Path архитектурата, новата интерконекциска технологија за пренос со големи брзини којашто е оптимизирана за употреба во доменот на компјутерската технологија наменета за пресметки со високи побарувања.
Идната, трета генерација на Intel Xeon Phi процесори ќе ја користи интеловата 10 nm процесорска технологија и ќе ја вклучува и технологијата Intel Omni-Path Fabric. Knights Hill ќе го следи претстојниот Knights Landing производ чиишто први комерцијални системи се очекува да бидат испорачани следната година.
Индустриската поддршка на процесорите Intel Xeon Phi продолжува да се зголемува со повеќе од 50 испорачатели од коишто се очекува да понудат системи изградени со помош на новата верзија на процесорот Knights Landing, а многу повеќе системи коишто ќе ја користат копроцесорската верзија на производот на PCIe картичка. Досега, нарачките од посветените клиенти коишто употребуваат Knights Landing процесор претставуваат повеќе од 100 PFLOPS од системското пресметување.
Последните високопрофилни зделки со Knights Landing го вклучуваат Trinity суперкомпјутерот, плод на соработката помеѓу Американските национални лаборатории Лос Аламос и Сандаја (Los Alamos and Sandia National Laboratories) и суперкомпјутерот Cori, најавена од страна на Националниот енергетски истражувачки компјутерски центар (NERSC)на американското Министерство за енергетика. Покрај ова, компанијата DownUnder GeoSolutions која работи истражувања од областа на геологијата, неодамна ја најави најголемато комерцијална употреба на сегашната генерација на Intel Xeon Phi копроцесори, додека пак Националниот центар за суперкомпјутинг IT4Innovations го најави новиот суперкомпјутер, којшто ќе биде најголем Intel Xeon Phi копроцесорски базиран кластер во Европа.
Интел, исто така најави нови софтверски пакети и соработки коишто имаат за цел HPC заедницата полесно да го искористи целосниот потенцијал на сегашните и идните индустриски стандарди за хардвер коишто ги поставува Интел.
Интел ја лансираше и Intel Fabric Builders програмата за создавање на екосистем наменет за да овозможи решенија базирани на Intel Omni-Path архитектурата. Беше најавено и проширување на Интеловите центри за паралелен компјутинг со што тие ќе пораснат на повеќе од 40 центри во 13 земји коишто работат на модернизација на повеќе од 70 од најпопуларните кодови во HPC заедницата.
Интел ги прошири и можностите на неговиот Lustre софтвер со претставувањето на Intel Enterprise Edition за Lustre v2.2 како и Intel Foundation Edition за Lustre. Софтверот е применет во повеќе производи коишто веќе се нудат на пазарот од страна на Dell, DataDirect Networks и DotHill
Овие нови основни HPC клетки заедно со соработката во самата индустријата ќе помогнат во справување со предизвиците на екстремната приспособливост и мејнстрим употреба на HPC обезбедувајќи основа за ефективен пат до егзаскаларни компјутери.