Рубрика: Омнибус
Твитер и Блогираме награди по третпат!
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.11.2014 - 12:08

Најголемиот и најпознат агрегатор на блогови во Македонија blogirame.mk го отвори гласањето за третото по ред доделување награди за корисниците na Твитер и блог-севисите од Македонија.
Предложените добитници се “натпреваруваат” во неколку категории. Блогерите ќе можат да станат носители на титулите:
- Најсекси блогер (блогерка);
- Најреволуционерен блог (социјално и политички ангажиран);
- НајБлог за мода и други модерни работи;
- Најдобар фото-блог (се бројат и гифчиња);
- Најсмешен блог;
- Најдобар блог во домен на културни работи (литература и сл.);
- Блог-пост на годината;
- Најдобар спортски блог;
- Најдобар блог за 2014;
- Најдобар ИТ и/или Интернет Маркетинг блог;
додека, пак, твитерџиите ќе можат да станат добитниви на една од следнива награди:
- Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2014 година;
- Најдобар твит во 2014
- Tвитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиска кариера;
- Tвитерџија/ка кој e најкорисен и кој е вистинска вредност што го имаме во твитосферата;
- Најкомпанија/организација на твитер;
- Најтаг за 2014;
- Најдобар аватар(и);
- Најдобар твитерџија/ка во #третасмена #tretasmena;
- Најдобра твитерџиKA;
- Најдуховит твитерџија/ка;
- Најактивен твитерџија од дијаспората;
- Највлијателен твитерџија/ка;
- Твитерџија со најдобро селфи на годината 2014

Доколку сакате да го дадете својот глас за некои од вашите фаворити и имате Фејсбук, Твитер или корисничка сметка на blogirame.mk тоа можете да го направите на следниот линк Blogirame.mk/glasanje а може и да номинирате некого тука
Свеченото доделување на наградите за победниците ќе се одржи на 13. декември 2014 година.

Клучни зборови: