Рубрика: Електроника
Отворен првиот саем за мобилна електроника
Автор: Емилијан Иљоски
Објавено на 20.10.2014 - 21:26

Во Хонг Конг на ден 19.10.2014, отворен е првиот меѓународен саем за мобилна електроника кој уште во првите часови удоми повеќе десетици илјади купувачи и фирми. Со повеќе од 1600 штандови и илијадници изложени смартфони, таблети, паметна облека и галантерија, ова е најголемиот досега саем за мобилни уреди. Титан, 2,2 метри високиот робот кој дојде директно од Обединетото Кралство, ги забавуваше посетителите со своите будалаштини обидувајќи се да им продаде некој “паметен” уред или позирајќи им на сие оние кои сакаа да се сликаат со него.
Во воведните ислагања, Интел на посетителите и изложувачите им ја претстави својата стратегија врзана со мобилните уреди додека Ноел Ли (Noel Lee), првиот човек на Monster Products зборуваше за начините како да се изгради високопрофитен и силен “бренд”: “Тоа е едноставно!” Тој рече, “Понудете повеќе “кул” уреди од конкуренцијата!”.
Повеќе информации на: http://10times.com/mobile-wireless

Клучни зборови: