Oд 14. до 18. октомври 2014 година, на Скопскиот саем ќе се одржат 40-тиот Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – ТЕХНОМА 2014; 15-тиот Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство; 34-тата Меѓународна изложба на иновации - МАКИНОВА; Агромеханизација, како сегмент на 64-тиот меѓународен саем за широка потрошувачка, АГРОФУД
ТЕХНОМА e изложбен настан кој годинава навршува 40 години континуирано саемско претставување на индустриското стопанство во регионот, најновите достигнувања во областа на технологијата и меѓународната размена. Дека оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му била потребна на стопанството, говори фактотот што целиот расположлив изложбен простор на Скопски саем секоја година исполнува капацитет со површина од 12 000 m2. Потврда за меѓународниот карактер на ТЕХНОМА се годишните учества на компании од цела Европа и, пошироко, од светот.
Главна карактеристика на ТЕХНОМА 2014 се организираните национални претставувања. Оваа година, на свој штанд ќе се претстават повеќе компании од Австрија, насловено како Адвeнтиџ Австрија (Advantage Austria), во организација на австриската трговска канцеларија во Скопје на амбасадата на Австрија во Република Македонија преку која ќе се претстават девет австриски компании коишто бараат деловни контакти со македонски колеги во различни сектори.
Енергетиката и нејзиното поефикасно и еколошко искористување е предизвик и на годинешната ТЕХНОМА.
Во рамките на ТЕХНОМА 2014 ќе има многу индивидуални презентации, организирани од самите многубројни учесници, со што ќе се исполни целта на ТЕХНОМА 2014, а тоа е да го доближи бизнисот со публиката.