Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отворија нова продавница во Скопје. Продавницата, која се наоѓа на приземје, во Градскиот трговски центар, на површина од 210 метри квадратни, има седум работни единици и нуди мултимедијално искуство за корисниците.
Станува збор за нов концепт на продавници, со акцент на дигиталните комуникации на понудите, со многу демо-уреди, кои ќе овозможуваат тестирање во живо. Целта на концептот е, преку интерактивно истражување и забава, корисниците да се запознаат со телекомуникациските услуги и решенија на T-Home и T-Mobile, што ќе им овозможи најлесно да го најдат најдоброто решение за себе. Продавници со истиот концепт се отворени во City Mall, Capitol Mall и во Велес.
На денот на отворањето, Т-Мобиле подготви промотивна понуда за сите посетители – Samsung смартфони со 50% попуст, во Play Comfort тарифа.
Продавницата ја отвори Андреас Маиерхофер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.
“Задоволството на корисниците е императив за нас, а новата продавница не само што ќе може да опслужува повеќе корисници, туку ќе им овозможи брзо и едноставно да го најдат токму тоа што им треба. Наша задача е да дадеме и дополнителна вредност за корисниците, а денешната понуда на Samsung смартфони со 50% попуст е токму тоа. Продолжуваме во таа насока“, изјави Андреас Маиерхофер.
На денот на отворањето на продавницата, корисниците имаа можност да се дружат со македонските музички ѕвезди Калиопи и Владо Јаневски, кои беа специјални гости.
Оваа продавница е само уште еден чекор кон зацврстување на водечката позиција на најголемата и најдобра продажна мрежа на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, од 35 телеком продавници низ Македонија.