Вчера во Берлин на IFA, глобалното светско шоу за електроника и домашни апарати, Интел го претстави новиот Intel Core M процесор, кој ќе се најде во новите 2 во 1 уреди од различни производители, вклучувајќи ги Acer, ASUS, Dell, HP, Lenovo и Toshiba. Обезбедувајќи оптимална комбинација на мобилност и перформанси, новиот процесор на Интел е наменски направен за неверојатни перформанси во најтенките, fanless ултра-мобилни уреди. Според Интел новиот Core M процесор ќе може да напојува уреди тенки како жилет со Intel Core ниво на перформанси, обезбедувајќо двојно поголема искористеност на батеријата.
Intel Core М овозможува до 50 проценти побрзи перформанси и 40 проценти побрзи графички перформанси споредено со претходната 4-та генерација Core procesori. Потрошувачите со постари компјутери ќе забележат видно подобрување на перформансите. Колку за пример, Intel Core М на еден четиригодишен компјутер му овозможува двојно подобри преформанси и до седум пати подобра графика.
Во 2013 година, Интел го испорача најголемото генерациско подобрување на батеријата во историјата на компанијата. Intel Core М и платформата за намалување на моќноста резултираа со уште поголемо продолжување на векот на батеријата. Intel Core M процесорот може да се справи со повеќе од осум часа видео игри; што е до 20 проценти (1,7 часа) подолго траење на батеријата наспроти претходната генерација Intel Core процесори и двојно го зголемува векот на батеријата на еден просечен четиригодишен персонален компјутер.
Intel Core M процесорскиот пакет е 50% проценти помал и, на 4,5 W, има за 60% пониска термална моќ од претходните генерации. Ова им овозможува на производителите елегантен дизајн, fanless системи потенки од 9mm – потенки од ААА батерија и денешните најтенки лап-топ компјутери. Производителите се веќе во процес на развој повеќе од дваесет производи базирани на Intel Core M процесор. Првите системи базирани на Intel Core M процесор ќе бидат на полиците за време на божиќно-новогодишна продажна сезона.
На IFA, производители вклучувајќи ги Acer, Asus, Dell, HP и Lenovo претставија нови уреди базирани на Intel Core M процесор, со различни големини, стилови и цени, што наскоро ќе бидат на пазарот
Intel Core М е производ којшто не содржи конфликтни минерали (калај, тантал, волфрам и /или злато) кои директно или индиректно финансираат или се во корист на вооружени групи во Демократска Република Конго или соседните земји.
Intel Core M процесорот е достапен во неколку верзии: до 2,0Ghz Intel Core М-5Y10 / 5Y10a процесори и до 2,6GHz Intel Core М-5Y70 процесор. Core М-5Y70 е најсилниот M процесор и е исто така достапен со Intel vPro технологијата за бизнис 2 во 1 со вградени безбедносни карактеристики за заштитата на податоци, кориснички идентитети и мрежни пристапи.
Дополнителни Intel Core М карактеристики вклучуваат поддршка за висок квалитет на звук, Intel Wi-Di 5.0, втората генерација Intel 802.11ac производи и ќе се развива поддршка за безжичен "докинг" со WiGig од Intel. За повеќе информации посетете ја страницата:www.intel.com.