Рубрика: Автомобилска техника
SEAT вгради Android апликации во своите автомобили
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 12.08.2014 - 14:58

Ако за некој автомобилски бренд може да се каже дека се развива паралелно со технолошките иновации, тоа дефинитивно е SEAT.
Она што е најново е вградување на технологија во автомобилите за интеграција паметните телефони и таблети со Андроид, овозможувајќи дополнително уживање за љубителите на SEAT, луѓе со дух, кои најчесто се зависници од технологија, брзина и модерни гаџети, и кои сакаат да бидат први во сè!
Оваа најнова иновација на СЕАТ е поттикната од последните истражувања за потрeбите на корисниците. Со нејзе се обезбедува поедноставна интеракција помеѓу возачот, возилото и паметниот телефон, со што се намалува можноста за оттргнување на вниманието на возачот од патот. Резултатите покажаа дека голем број од сопствениците на SEAT сè уште се чувствуваат млади во духот, и се особено заинтересирани за користење на сервисите на Google, како и апликациите и интернет мрежите во своите автомобили.
Со интеграцијата на Андроид, SEAT ги опреми своите возила со врвна технологија и оптимизирани апликации, а ќе бидат обезбедени и сопствени апликации - со возбудливи информации и опции за персонализација.
Најнова техничка надградба се случи со спојувањето на шпанскиот бренд SEAT со Open Automotive Alliance (OAA), здружение на моќни технолошки компании кои работат на интеграција на Андроид паметните телефони и таблети во автомобилите. Членството на SEAT на OAA ќе биде објавено на овогодинешната технолошката конференција на Google I/O во Сан Франциско.

"Проширувањето на функционалноста на нашите забавно-информативни производи со користење на Андроид во автомобилите е совршен пример кој укажува како можете да уживате во технологијата и нашиот бренд кој се карактеризира со младешки дух ", вели Дитер Питерс, главен раководител на одделот за Електрични и електронски развој на SEAT.
Open Automotive Alliance е здружение на големи и познати технолошки компании и производители на возила кои имаат заедничка цел, а тоа е интегрирање на Андроид во автомобилите за врeме на патувањето. Open Automotive Alliance (OAA) го дефинира Андроид Авто интерфејсот како стандард за on-board интеграција на Андроид уреди. Тоа е следниот чекор во областа на поврзувањето на паметните телефони или таблети со автомобилскиот забавно-информативен систем со кој се овозможува брз и едноставен начин на прикажување на содржината на паметниот телефон преку мултимедијалниот систем на возилото.