Телесната маснотија е клучен фактор во развојот на канцерот, многу поважен отколку што се верувало досега. Канцерот не е судбина, тоа е работа на ризик и избор на начинот на живеење кој може да го менува тој ризик. Опасен е и малиот вишок килограми. Дури и оние кои не се дебели, а имаат вишок килограми, би морале да изгубат на тежина ако сакаат да ја намалат опасноста од рак, се вели во последната голема меѓународна студија. Светскиот фонд за истражување на ракот направил досега најголемо истражување на односот на животниот стил и ракот, и издал неколку остри предупредувања.
Меѓу останатото, луѓето треба да внимаваат во повозрасната доба да не се здебелат, да избегнуваат засладени пијалаци и алкохол и да не јадат сувомеснати производи како шунка и сланина. Освен тоа, секој би требало да се потруди да биде што послаб, а да не премине во потхранетост. Лицата со индекс на телесна маса од 18,5 до 25 спаѓаат во групата на здрави. Но, студијата покажала дека ризикот им се зголемува со растењето на индексот на телесна маса кон 25 и затоа секој мора да се обиде да остане што пониско. Новообјавениот документ не содржи нови истражувања, туку анализа на 7000 постоечки студии спроведени во последните 5 години. Резултатот е досега најсеопфатна студија за опасноста од некои животни стилови.
Значи, телесната маснотија е клучен фактор во развојот на ракот, и е многу поважен отколку што се верувало досега. Иако две третини од сите случаи на рак не се поврзани со начинот на живот и човекот може малку да направи за да го спречи, авторите на извештајот велат дека напишале попис на препораки, а не заповеди.