Веќе знаеме дека здравиот живот е во тренд, можеби е крајно време така и да размислуваме.
Новите технологии се тука за да го забележат секој наш чекор, но и да нè опоменат ако нешто погрешно сме направиле. Ако сте подготвени да направите промени во животните навики, ви препорачуваме интересен уред што го нуди фирмата Prestigio тоа е лесна алка која се става на рака и ви ги брои чекорите, потрошените калории, поминатата километража и прикажува реално време. Отпорна е на вода, па можете да шетате и на дожд.
Сите добиени податоци потоа можете преку опцијата Bluetooth да си ги префрлите на својот паметен телефон. Батеријата трае и до седум дена со секојдневно користење, што е уште една причина повеќе себеси и своето тело да се почестите со ваков интересен фит уред.