Вчера во Санта Клара, Калифорнија, корпорацијата Интел објави приход за вториот квартал од 13,8 милијарди долари, тековен приход од 3,8 милијарди долари, нето-приход од 2,8 милијарди долари и заработувачка по акција од 0,55 долари. Компанијата заработила приближно 5,5 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 2,1 милијарди долари за повторно да купи 74 милиони акции на берзата.
“Во вториот квартал резултатите ја покажаа силата на нашата стратегија за проширување на опсегот на технологијата на Интел, од центри за податоци и компјутери до Интернетот на нештата (IoT)“, изјави извршниот директор на Интел, Брајан Крзанич. “Со нашата Baytrail SoC фамилија се проширивме во нови сегменти како системи базирани на Chrome и сме на добар пат да ја оствариме нашата цел од 40 милиони таблети. Дополнително, остваривме важен напредок за нашиот иден 14nm Broadwell производ и ги очекуваме првите системи на полиците за време на празниците.“
Интел објави дека има намера да врати повеќе пари на акционерите со тоа што ќе го намали паричниот баланс преку откупување акции. Бордот на директори одобри програма за откупување на акции вредна 20 милијарди долари, и компанијата предвидува откупување на акции за приближно 4 милијарди долари во третиот квартал. Во последната деценија Интел врати околу 90 милијарди долари на акционерите преку дивиденди и откупување акции.
“Оваа промена во нашата структура за капитал е продолжение на повеќегодишниот фокус на создавање вредност и враќање пари на нашите акционери и дополнително ја зајакнува нашата доверба во бизнисот“, изјави Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на Интел.
Клучните финансиски податоци и состојбата на деловните единици за вториот квартал изгледаат вака:
• PC Client Group оствари приход од 8,7 милијарди долари, зголемување за 9% секвенцијално и зголемување за 6 отсто од година во година.
• Data Center Group оствари приход од 3,5 милијарди долари, зголемување за 14% секвенцијално и зголемување за 19 отсто од година во година.
• Internet of Things Group оствари приход од 539 милиони долари, зголемување за 12 отсто секвенцијално и зголемување за 24 отсто од година во година.
• Mobile and Communications Group оствари приход од 51 милиони долари, намалување за 67 отсто секвенцијално и намалување за 83 отсто од година во година.
• Software and services operating segments оствари приход од 548 милиони долари, намалување за 1 отсто секвенцијално и зголемување за 3 отсто од година во година.
Целокупниот извештај за својата заработувачка од вториот квартал од 2014 година Интел ќе го поднесе на 4. октомври 2014. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: intc.com/results.cfm.