“Витаминските додатоци може да имаат негативно влијание врз вежбите за издржливост и можат да го забават природниот одговор на мускулите на тренингот за издржливост” – вели една нова студија.
На 54 здрави учесници по случаен избор, им биле давани витамин Ц и Е или плацебо, за време на тренинг кој се состоел од трчање три до четири пати неделно. За да се види како нивните тела се прилагодиле на тренингот, на учесниците им била направена биопсија на мускулите на почетокот и на крајот од програмата за подобрување на издржливоста и јакоста на мускулите.
По 11 недели, во мускулите на луѓето во плацебо-групата имало повеќе митохондрии отколку во мускулите на оние кои земале суплементи со Ц и Е-витамин. Митохондриите се “центри на моќност” во клетките и природен одговор на тренингот. “Наодите укажуваат дека додатоците со витамините Ц и Е го отапеле одговорот на мускулите бидејќи во нив се создале многу помалку митохондријални протеини, кои се потребни за подобрување на мускулната издржливост” – вели д-р Горан Паулсен, професор на Норвешкиот колеџ за спортски науки, кој учествувал во истражувањето.
И покрај овие мобилни ефекти, додатоците не им наштетиле на вкупните перформанси на учесниците – и двете групи имале слични подобрувања во нивните максимални навлегувања на кислород во клетките, што е еден вид индикатор на издржливост, но кога тие дози биле ограничени.
“Нашите резултати покажуваат дека високите дози на витамин Ц и Е – какоšшто обично се наоѓаат во додатоците, треба да се користат со претпазливост, особено ако сте на програма за подобрување на мускулната издржливост. Многу луѓе користат витамински додатоци, иако има различни мислења околу тоа дека додатоците му користат на здравјето или ги зголемуваат атлетските перформанси. Всушност, неколку неодамнешни студии укажуваат на тоа дека високи дози на витамини може да бидат и штетни” – вели Паулсен.
Учесниците во студијата во група која земала суплементи, земале витамински додатоци кои содржеле 1000 милиграми витамин Ц и 235 мг витамин Е неделно. Според Националниот институт за здравство, возрасните не треба да земаат повеḱе од 2000 мг витамин Ц и 1000 мг витамин Е дневно. Ова значи дека и досега било поставено ограничување и не е точно она што многумина го тврдат и велат дека, на пример, не е штетно да се земе витамин Ц во големи количини!
Иако витаминските додатоци не влијаат врз вкупните перформанси на учесниците, ако се земаат во дозволени дози, истражувачите утврдиле и дека би можело некои луѓе да бидат повеḱе погодени од додатоците од другите, односно дека ова влијание е индивидуално. Истражувачите откриле и дека четири учесници со најголемите подобрувања на издржливоста на мускулите од трчање биле во плацебо групата.
За да пронајдат што точно се случува, истражувачите сметаат дека треба уште да се истражува, и тоа подолгорочно, врз исти испитаници. Студијата е објавена на 3 февруари 2014 година, во списанието Science.