Во тек е 34-тото издание на еден од најголемите светски саеми за компјутерска техника Компјутекс, којшто се одржува во Тајпеј, Тајван. За време на саемот Интел претставува дел од палетата на нови производи планирани да се појават на пазарот оваа година.
Процесорската технологија продолжува да се смалува со поголеми перформанси и пониска потрошувачка на енергија благодарение на Муровиот закон, проширувајќи го нивото и потенцијалот на технологијата на Интел и на Тајванскиот екосистем, од инфраструктура за клауд компјутинг и Интернетот на нештата (IoT) кај персонална, мобилна компјутерска и "wearable" технологија.
Како што нагласи Рене Џејмс, претседателот на корпорацијата Интел, технологиите на Интел, продуктите и соработките заедно со Тајванскиот и поширокиот екосистем, имаат за цел да создадат нов бран на компјутерски паметни уреди, интегрирани и поврзани меѓусебе, на клауд и во животите на луѓето. Taa зборуваше за посветеноста на Интел за испорачување на широка палета на SoC и комуникациски решенија за таблети и смартфони со различна форма, цена и оперативен систем. Џејмс нагласи дека Интел во моментот има 130 дизајни за таблет што или се моментално или ќе бидат на пазарот оваа година од глобалните произбодители и добавувачи. Повеќе од дузина Интел базирани таблети се лансираат за време на Компјутекс.
Приближно 35 проценти на таблетите базиани на Интел атом процесори во моментот вклучуваат или ќе вклучат Интел комуникациски решенија.
Џејмс додаде дека категоријата 6-способни Intel XMM 7260 LTE напредна платформа сега се испорачува до потрошувачите за тестирање на работењето ставајќи го Интел на лидерска позиција. Оваа нова технологија се очекува да пристигне на уредите во следните месеци.
Извршниот директор на Foxconn се придружи на сцената на Џејмс за да претстави повеќе од 10 таблети базирани на Интел кои се достапни во моментот или ќе се испорачуваат наскоро, од основни уреди до оние сегменти со највисоки перформанси. Овие таблети се базирани на Intel Atom процесор (со кодно име Bay Trail или Clovertrail+ системи на чип (SoC)) и повеќето ги поседуваат Интеловитеа 3G или LTE комуникациски платформи.
Забележан е напредокот кон донесување на првата интегрирана мобилна SoC платформа на компанијата за основни и поскапи смартфони и таблети која треба да се појави на пазарот во четвртата четвртина од оваа година, Џејмс го оствари првиот јавен повик користејќи референтен дизајн на смартфон базиран на Intel SoFIA 3G решението со двојно јадро. Интел ќе испорача верзија на SoFIA LTE со четири јадра во првата половина на 2015 година и минатата недела беше објавен стратешкиот договор со Рокчип за додавање на четири јадрена изведба на SoFIA LTE 3G за таблети со основни перформанси на SoFIA фамилијата, исто така за првата половина од следната година.
Џејмс додатно го откри првиот 14 нанометарски референтен дизајн за компјутер без класичниот вентилатор за ладење (fanless) од Интел. 2 во 1 уредот е со екран со големина од 12.5 инчи и 7,2 милиметри дебелина без тастатура тежи 670 грама. Вклучува додатен уред што обезбедува подобро ладење за зголемување на перформансите. Иновативниот дизајн е базиран на првиот од следната генерација на Интеловите Broadwell процесори специјално направени за 2 во 1 уреди и ќе се појават на пазарот покасно во оваа година. Наречен Intel Core M процесор, ќе биде енергетско најефикасен Core processor процесор во историјата на компанијата.
Повеќето дизајни базирани на овој нов чип се очекува да бидат fanless (без класичен уред за ладење) и да обезбедат таблети брзи како молња и лаптопи со дебелина на жилет.
Интел исто така испорачува иновација и перформанси на најсложените корисници на персонален компјутер – PC. За таа цел Џејмс ја претстави четвртата генерација Intel® Core™ i7 и i5 процесор “K” SKU, првиот од Интел што испорачува четири јадра на 4 GHz основна фрекфенција. Овој десктоп процесор, направен за ентузијасти, обезбедува повисоки перформанси и овозможува нови нивоа на „оверклокинг“ можности. Овој производ ќе почне да се испорачува во Јуни оваа година.
За потребите на центрите за податоци гладни за перформанси, Џејмс го претстави Intel® Solid-State Drive Data Center фамилијата за PCIe да ги задоволи зголемените потреби за високи перформанси, сигурни и доверливи решенија за складирање на податоци за пониска цена. Уредите ќе бидат достапни во третата четвртина од оваа година.
За персоналните компјутери да станат уште повеќе персонални, Џејмс кажа дека треба да се однесуваат со корисниците по нивни правила, правејќи ја интеракцијата поприродна и интуитивна. Таа нагласи соработки и нов напредок да се донесе Интеловата Intel® RealSense™ технологија и 3-Д камери како и апликации за растечкиот број на 2 во 1 уреди, се-во-едно, таблети и останати персонални компјутерски уреди. Џејмс додаде дека Intel® RealSensе софтверот и комплетот за развивање ќе биде достапен за развивачите во третата четвртина од 2014 година, овозможувајќи им на развивачите од сите нивоа на знаење и вештина да создаваат природни и интуитивни кориснички искуства. Нагласувајќи ја поддршката на Интел за софтверскиот екосистем, компанијата ќе го одржи 1.000.000 долари вредниот Intel RealSense предизвик за апликации 2014, фазата за идеи ќе почне во третата четвртина од 2014 година.