Од 23 мај, сите корисници на Т-Mobile и T-Home имаат единствена можност да го активираат Family Box пакетот на услуги, кој ќе може во целост да ги задоволи телекомуникациските потреби на целото семејство, како што велат од овие две компании.
Family Box е комбинација од најатрактивните мобилни и фиксни услуги на една сметка. За месечна претплата од 1999 денари вклучени се најбрзиот интернет за дома, најдобрата телевизија MaxTV со над 80 ТВ канали и два постпејд броја со неограничени разговори кон сите мрежи и неограничен интернет.
Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле, Македонија , на презентацијата на овој пакет којашто се случи денес изјави: “Ова е првата интегрирана понуда на пазарот и е одговор на сите комуникациски потреби на едно семејство. За прв пат се нудат и телефонија и интернет и МaxTV во еден пакет и тоа неограничени. Нашите корисници го заслужуваат најдоброто, а Family Box е најдоброто на едно место, на една сметка и по одлична цена“.
Понудата е достапна за сите нови и постоечки корисници на Т-Mobile и T-Home со договор за лојалност.
Корисниците на пакетот можат да купат и телевизор на рати коj ќе се плаќа преку месечната сметка, а со секој од вклучените постпејд мобилни броеви да изберат и смартфон или таблет по многу поволна цена.
Освен овие поволности корисниците кон пакетот може да приклучат и дополнителни постпејд и припејд картички по потреба, а со секоја дополнителна SIM картичка може да се склучи договор за Доверба за мобилен апарат или таблет.
Family Box е новина на пазарот, најдоброто за целото семејство. Повеќе информации за овој пакет услуги може да најдете на доколку свртите на 122 или пак ја посетите веб страницата t-mobile.mk