Интел корпорацијата денес објави дека влегува во стратешки договор со Рокчип за да го прошири портфолиото и да го забрза процесот на донесување на Интел архитектура и комуникациски решенија на пазарот за влезни Андроид таблети ширум светот.
Во условите на договорот, стои дека двете компании ќе испорачуваат Интел брендирана мобилна SoC платформа. Четиријадрената платформата ќе се базира на процесорите Интел Атом, која е доопременa со Интеловата модерна 3Г технологија.
Проширувајќи ја понудата на фамилијата на интегрирани мобилни SoC платфоми Интел SoFIA за почетни и мобилни уреди, новиот четиријадрен SoFIA 3G се очекува да биде достапен во првата половина на 2015 година, а ќе биде наменет како за почетните така и за поскапите таблети. Семејството чипови Интел SoFIA беше Интел го промовираше минатата година и го вклучува првиот интегриран апликациски процесор и комункациска платформа.
Како што пазарот за таблети продолжува да се шири со сè поголемиот избор на големина на екран, различни форми и цени, стратешкото партнерство со Рокчип се очекува на Интел побрзо да им понуди на своите потрошувачи пошироко портфолио на производи.
“Стратешкото партнерство со Рокчип е пример за решеноста на Интел да преземе прагматични и поинакви приоди за да го зголеми своето присуство на глобалниот пазар за мобилни уреди со побрза испорака на широко портфолио на Интел архитектура, комуникациски решенија и технологии,“ изјави Брајан Крзанич, извршен директор на Интел. “Возбудени сме за соработката со Рокчип. Со денешната објава, додаваме уште еден дериватив на Интеловата SoFIA фамилија и очекуваме да ги имаме сите на пазарот пред средината на 2015 година. Се движиме брзо за да ги прошириме понудите на Интел за растечкиот пазар на таблети.“Стратешкото партнерство со Интел ќе ја прошири понудата на производи на Рокчип со додавање на перформанси и флексибилност на Интел архитектура и водечк и комуникациски решенија.
“Ние секогаш бараме иновативни начини за да го диференцираме нашето портфолио на продукти и ова е прва соработка од овој вид во која Интел ни помага да го сториме тоа“, изјави Мин Ли, директорот на Рокчип. “Комбинацијата од водечката архитектура на Интел и модерната технологија со нашите водечки капацитети за дизајн на мобилни уреди, нуди подобар избор на растечкиот глобален пазар за мобилни уреди.“
Со денешната објава, Интеловата SoFIA фамилија сега се состои од три различни понуди, вклучувајќи го двојадрената 3G верзија за која се очекува да почне со испорака во четвртиот квартал оваа година, четиријадрената 3G верзија за која се очекува да почне со испорака во првата половинаод 2015 и LTE верзија, закажана за првата половина од следната година.
Цената на четиријадрениот SoFIA 3G дел ќе биде објавена подоцна, аза другиот дел од пошироката Intel SoFIA фамилија, се очекува конкурентна цена. Со договорот, Интел и Рокчип ќе го продаваат новиот дел на производителите, првенствено во постоечката база на потрошувачи на двете компании.