2014 е официјално “Меѓународна година на кристалографијата” (анг. International Year of Crystallography, IYCr). Оваа година светот прославува еден век од примената на рендгенската дифракција за анализа на структури од кристални материјали. Исто така оваа година одминуваат и 400 години откако Кеплер за прв пат ги забележал симетричните форми на кристалите од мраз, со што започнало и самото студирање на симетријата во материјалите.
На почетокот на дваесеттиот век, таткото и синот Хенри и Лоренс Брег први ја користеле рендгенска дифркција за решавање на структурите на кристални материјали. За нивното практично откритие, во 1915 година ја добиваат Нобеловата награда за физика. Во изминатиов век, рендгенските дифрактометри стануваат многу корисни инструменти за откривање на структурите на илјадници минерали, синтетички субстанции (органски и неоргански), како и материјали од биолошко потекло (протеини, ДНК итн).
Пред скоро време на веб страницата на IYCr (www.iycr2014.org) се појави и брошурата од УНЕСКО на македонски јазик: “Кристалографијата денес”. Преводот и уредувањето на брошурата ги извршија професорите Глигор Јовановски и Панче Наумов. Брошурата го открива значењето на ова техника, дел од нејзиниот историјат но и важноста на светските влади да инвестираат во развивање и користење на кристалографијата. Брошурата може да се преземе од овде