Со втората Global Conflict Minerals Compliance и Supply Chain Due Diligence конференција, како и денот на земјата, темата за конфликтни материјали продолжува да биде во фокусот на Интел кој активно ја движи дискусијата. Во јануари, Интел најави голем чекор на ЦЕС (Consumer Electronics Show). Веројатно е дека ова ќе придонесе за промени во начинот на изработка на производите и начинот на кој луѓето гледаат на нив пред да ги купат.
За време на неговото обраќање на CES, извршниот директор на Интел Брајан Крзанич и објави на индустријата дека од 2014 година па натаму Интел ќе произведува “conflict-free” микропроцесори. Минералите како злато, калај или волфрам се основните составни делови кај повеќето електронски уреди што ги користиме секојдневно како лаптопи, телефони или микропроцесори и исто така се користат во други индустрии, од произведувачи на накит до произведувачи на автомобили. Профитот од продажбата на овие минерали од рудниците во Демократска Република Конго (ДРК) во некои случаи се користи за финансирање на криминал во регионот и загрозување на човечките права.
Од моментот кога Интел првпат го откри овој проблем пред пет години, работеше напорно за да пронајде креативни решенија и да ги имплементира истите во системи кои ќе обезбедат понатамошен напредок.
Едно од најрадикалните решенија би било комплетно да се стопира набавката од ДРК, но, тоа би ја разнишало локалната економија и животниот стандард на заедницата. Напротив, направен е напор за да се отстранат сите неодговорни добавувачи од синџирот на набавки и истите да бидат “conflict-free”.
Со помошта на партнерите во индустријата, Интел создаде нови ревизиски и верификациони системи како и процеси за обезбедување на набавки исклучиво на „conflict-free” материјали. Овие напори дополнително доведоа до креирањето на „Conflict-Free Smelter“ програма за топилници, ревизија од трета страна што ќе ги идентификува топилниците што ги исполнуваат стандардите. Со посетата на преку 85 топилници во 21 држава, Интел го зголемува напорот за совесно произведување на минерали со надеж дека и самите потрошувачи во иднина свесно ќе одбираат „conflict-free” производи.
Интел во моментот произведува и испорачува “conflict-free” микропроцесори, но нивниот проект е далеку од готов. Проблемот не може да го реши само една компанија. Се работи на тоа да се охрабрат другите компании да произведуваат ”conflict-free” производи. Постои надеж дека ова ќе се филтрира дополнително кај потрошувачите со што ќе се создаде свесност за одбирање на “conflict-free” производ.