Skoda Octavia RS – Најбрзата Octavia досега!
Ова лето, македонскиот асфалт ќе биде дополнително вжештен поради пристигнувањето на автомобилската убавица Skoda Octavia RS – најбрзата Octavia досега произведена од Skoda! Од семејството на веќе популарната “Шкода Октавиа“, која неодамна во Македонија го доби и признанието “Автомобил на годината“, доаѓа и новата Skoda Octavia RS. Автомобилот претставува одлична комбинација од спортски карактер, просторност и функционалност, а ќе биде достапна во две изведби – како лимузина и комби.
Брзите лимузини се избор на многумина возачи кои бараат нивното возило да има перформанси и возни својства на спортски автомобил, но притоа не сакаат да се откажат од комоцијата и практичноста на класичните каросериски форми. Она што е навистина интересно е тоа што новата Octavia RS се нуди и како Octavia Combi RS, односно караванска изведба. Со ова покрај спортскиот дух, Octavia на патниците им нуди и максимална практичност.
“Octavia е срцето на брендот Шкода. Автомобил препознатлив по бескомпромисниот квалитет, огромна пространост, удобност и легендарна издржливост, a новата “Skoda Octavia RS” го има сето ова и многу повеќе! Во споредба со претходниот модел, нуди повеќе моќност, но и до 19% пониска потрошувачка на гориво, меѓу другото и благодарение на системот старт-стоп, како и системот за регенерирање на енергијата при сопирање, кои се нудат како стандардна опрема.
Подобрената управливост произлегува и од електромеханичкото прогресивно управување кое овозможува свиjокот да се совлада со помало вртење на управувачот. Големата моќност е надополнета и со вистинска спортска елеганција. Во споредба со стандардниот модел, RS е понизок за 12 милиметри. Внатрешноста го нагласува спортскиот карактер на RS преку амбиенталното осветлување, спортските седишта и трикракиот управувач обложен со кожа. Праговите и педалите се изработени од благороден челик, а автомобилот поседува средишен дисплеј кој е единствено се вградува во спортскиот модел. Логото RS секако е забележливо на повеќе места во ентериерот, изјави Миле Станчев, бренд-менаџер за “Шкода”.
Новата “Octavia RS“ се нуди во две изведби – бензинска и дизелска. Дизелската изведба ја носи ознаката RS TDI и доаѓа со веќе познатиот 2-литарски турбодизелски агрегат на Volkswagen, кој испорачува 184 коњски сили. Благодарение на овој мотор, RS TDI забрзува до 100 километри на час за 8,1 секунда, а максималната брзина е 232 километри на час.
Поинтересната, бензинска изведба, се нуди со 2-литарски турбо-бензински агрегат, кој нуди 220 коњски сили. Со овој мотор, Octavia RS забрзува od 0 до 100 километри на час за само 6,8 секунди, а максималната брзина изнесува фасцинантни 248 километри на час!
Skoda Octavia RS е вистински автомобил за оние со спортски дух кои уживаат во големите брзини и долгите патувања, на кои истовремено им е важна и ниската потрошувачка и пространоста. Дури и оваа ексклузивна изведба на “ŠKODA Octavia“ има непобедлив сооднос цена/квалитет кој е препознатлив за брендот.
Посетете го салонот на Порше Македонија и уживајте со најмодерната ”Škoda Octavia RS”!