На првиот ден на еден од трите најголеми ИДФ собири којшто се одржува во Шензен, Кина, свое обраќање имаше извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. За време на неговото обраќање, Крзанич дискутираше како Интел и технолошкиот екосистем од Шензен можат да предизвикаат подем, локален и глобален, и да обезбедат диференцирани компјутерски производи и искуства во повеќе различни сегменти од пазарот, оперативни системи и различни цени. Подвлекувајќи ја оваа поента, тој го објави воспоставувањето на Intel Smart Device Innovation Center во Шензен и инвестиција од дополнителни 100 милиони долари преку Intel Capital China Smart Device Innovation Fund.
Извршниот директор на Интел објасни неколку нови производи и технологии што компанијата ќе почне да ги нуди оваа година, вклучувајќи го Intel Edison, спремна, повеќенаменска компјутерска платформа првпат замислена токму во истражувачките лаборатории во Кина. Тој исто така ја објави достапноста на Intel Gateway Solutions за интернетот на нештата (IoT) базиран на Intel Quark и Atom процесори, дополнително демонстрирајќи ја SoFIA, првата интегрирана мобилна SoC платформа од Интел за достапни и поскапи паметни телефони и таблети.
Крзанич беше придружуван од Иан Јанг, претседател на Интел Кина, кој ја отвори конференцијата, и Дајана Брајант, постар заменик претседател на Intel Data Center Group, чие обраќање ги посочи технологиите на Интел за центри за податоци и темелите на модерниот компјутинг и растечките бизнис можности претставени со растот на паметните, поврзани уреди.
“Кинескиот технолошки екосистем ќе биде од најголемо значење за трансформацијата на компјутингот,” изјави Крзанич. “За да се придвижи глобалната иновација, Интел ќе остане фокусиран на обезбедување на водечки продукти и технологии кои не само што ќе им дозволат на партнерите да воведуваат новини и иновации, ќе го донесат ветувањето дека ’ако се работи за компјутери, најдобро е со Интел’ – од обични направи до клауд, и се што е помеѓу.”
Дајана Брајант за време на нејзиното воведно обраќање истакна дека технологиите на Интел за центри за податоци се темелите на модерниот компјутинг и дека можностите за соработка и помагање на локални и глобални иновации тукушто започнува. Како што се вртат компаниите кон брза испорака на дигитални услуги, новите побарувачки се складираат во центарот за податоци креирајќи можности за нови иновации од партнерите. Всушност, трите клучни области на развој се клауд, анализа на обемни податоци и компјутинг со високи перформанси.
На Брајант и се приклучи Xuefeng Yuan, директорот на Guangzhou Supercomputing Center за да покаже колку компјутерите со високи перформанси го подобруваат општеството и го зголемуваат економскиот раст. Технологијата на Интел им овозможува на локалните компании да добијат масивен систем подготвен да почне да прави важни научни откритија и нови пронајдоци.
На привиот ден Интел ја претстави и следната генерација на Intel Xeon процесори E5-2600 v3, фамилија на производи базирана на Haswell микроархитектурата, којашто ќе започне да се произведува во втората половина од оваа година.
Вториот ден на ИДФ се очекува да го отворат Даг Фишер, заменик претседател и генерален менаџер на Software and Services Group, Херман Еул, потпретседател и генерален менаџер на Intel’s Mobile and Communications Group и Кирк Скауген, постар заменик претседател и генерален менаџер на PC Client Group. Секој од нив ќе ги нагласи достигнувањата на Интел во мобилниот хардвер и развој на софтвер во Windows и Android, ќе се обратат на можностите и соработката што Интел ги гледа во Кина заедно со кинескиот технолошки екосистем и ќе претстават како Интел работи со клиентите за да им помогне да ги диференцираат и целосно искористат производите и технологиите на Интел.
Подетално за ИДФ 2014 во Шензен ќе имате можност да прочитете во априлскиот број од Емитер.