Рубрика: Омнибус
Роботите од RoboMac 2014 во i-bank store на Стопанска банка
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 27.03.2014 - 19:10

Во саботата, на 22 март, се одржа првиот настан во i-bank store на Стопанска банка, каде што студентите од ФЕИТ ги претставија роботите со кои успешно настапија на натпреварот RoboMac 2014 и ги демонстрираа нивните функционалности. Сите посетители на првата Банка од иднината, i-bank store од Стопанска банка АД – Скопје, имаа можност за момент да навлезат во возбудливиот свет на роботиката, но истовремено и подобро да се запознаат со i-bank услугите кои Стопанска банка ги развива со најсовремената технологија достапна за банкарскиот сектор.
Присутните се запознаа со сумо-роботите кои се програмирани да го истуркаат противничкиот робот надвор од рингот, а најинтересните роботи-хуманоидите, програмирани да изведуваат комплексни движења придружени со соодветна музика во позадина, привлекоа многу љубопитни детски погледи.
Сите овие роботи се натпреваруваа на најголемиот меѓународен студентски семинар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција RoboMac 2014, кој се одржа по петти пат во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Дополнително, сите присутни на настанот имаа можност подетално да се информираат и за алтернативните и иновативни банкарски услуги кои ги нуди i-bank store, а пред сè i-bank алтернативните канали e-banking, m-banking, телефонско и банкарство преку АТМ. Со доближувањето на услугите од иднината до клиентите и интеракцијата на сосема друго ниво, Стопанска банка ја потврдува својата заложба да биде лидер и иноватор во банкарскиот сектор.