По успешниот почеток во 2013 година, Дојче Телеком повторно го одржува својот “Конкурс за иновации на Телеком“. Креативни тимови на студенти, претприемачи со идеи за нови компании, млади ИТ компании и вработени во Групацијата Телеком, имаат можност до 11 април да ги достават своите идеи во неколку категории на www.telekom-innovation-contest.com. Наградите вклучуваат инвестиции во износ до 150 000 евра, вклучување во меѓународни програми за нови компании, хардвер, софтвер и контакти со лица на врвни позиции во Дојче Телеком. Финалистите ќе бидат утврдени по спроведувањето на прелиминарна селекција на интернационално и национално ниво. Одлуката ќе се донесе во re:publica во Берлин, а победничкиот тим ќе биде избран од дванаесет финалисти на настанот “Замав на шампионите“ во Краков, Полска, на крајот од јуни 2014 година.
Конкурсот за 2014 година го поддржува hub:raum, програма на Телеком, со локации во Берлин, Краков и Тел Авив, како и Kitchen Будимпешта и UQBATE, специјална програма за вработените на Групацијата. Во останатите спонзори се вбројуваат и седум национални телекомуникациски компании во Централа и Источна Европа. Тие ќе ја координираат националната прелиминарна селекција, ќе обезбедат награди и во иднина ќе соработуваат со финалистите и победниците.
Тимови составени од двајца или повеќе учесници можат да ги достават своите идеи во повеќе категории. Дојче Телеком особено се фокусира на категориите: “Продуктивност базирана на Cloud“ и “Иднината на медиумите и комуникацијата“. Дополнителни категории се: “Интернет на разни уреди“, “Сајбер безбедност“, “Податоци на реалноста“ и “Смарт енергија“.
Сите финалисти ќе имаат можност да учествуваат во четиридневна програма за обука за нови компании каде ќе стекнат знаења од експерти, ќе добијат увид во истражувачките проекти на Дојче Телеком, а ќе можат и дополнително да ја развијат својата идеа. Победничкиот тим ќе застане на сцената на “Долгата ноќ на почетниците“ на 6 септември во Берлин, каде се очекува да присуствуваат околу 6 000 гости.
Штом ќе истече периодот за пријавување на 11 април 2014 година, експертите од Дојче Телеком ќе ги разгледаат сите апликации. Тимовите со најдобри идеи ќе бидат поканети на националните прелиминарни конкурси што ќе се одржат во мај во Атина, Братислава, Будимпешта, Букурешт, Подгорица, Прага, Тел Авив, Варшава, Загреб и Берлин. Во Берлин, финалистите треба да го убедат панелот од експерти во нивната идеја на јавната сцена на re:publica (6 – 8 мај). Тимовите што не потекнуваат од Европа ќе учествуваат во виртуелната селекција на конкурсот. Настанот „Замав на шампионите“ што ќе се одржи на крајот од јуни во Краков, Полска, ќе биде кулминацијата на четиридневната програма за обука за нови компании. Потоа, победниците ќе продолжат да ги развиваат своите идеи во соработка со националните компании на Дојче Телеком.
Во 2013 година, над 700 тимови од 45 земји доставија 444 идеи. Од 12 финалисти од осум земји, Екскалибур од Словачка беше победникот со решение за автентикација за мобилни уреди. Кубилог од Унгарија и Кодатеље од Германија ги заземаа второто и третото место, по тој редослед, со нивното “Homee” решение.