Кинеските производители на автомобили на големо веќе подолго време ги збиваат своите редови и сè поагресивно атакуваат на европскиот автомобилски пазар. Ова, само по себе, е значаен успех со оглед на фактот што европскиот автомобилски пазар е најконкурентниот светски пазар а европската автомобилска индустрија е најсилна светска автомобилска индустрија.
Така, на минатогодишниот автомобилски Салон во Женева, кинеската фирма Qoros го претстави својот исклучително успешен и конкурентен автомобил Qoros 3 Sedan, за кој собра многу симпатии и позитивни критики. Моделот припаѓа на компактната класа, а се нуди како лимузинска и караванска верзија. Придвижуван е од 1,6 литарски бензински мотор, кој истиснува 125 КС силина, а турбо-верзијата истиснува 154 КС. Исто така, треба да се знае дека овој автомобил е првиот кинески автомобил кој на пребирливиот европски EURO Ncap тест за сигурност ги собра максималните 5 ѕвездички, што е гаранција за неговата максимална безбедност. Според првите калкулации, продажната цена би требало да е на ниво на онаа на Hyndai i30.
Сè на сè, одличен автомобил, одлична изработка, одлична безбедност, конкурентна цена, пристоен дизајн, и сето тоа сместено во еден пакет, дава реални шанси за позначаен пробив на пребирливиот европски автомобилски пазар.