Благодарение на нашите пријатели од Примарк, добивме ексклузивна можност нашите читатели да ги запознаеме со Кристијан Моралес, потпретседател на Интел. Интервјуто го направи Тудор Бандика (Tudor "Monstru" Badica), уредник на Лаб501, еден од водечките романски сајтови за информатика, којшто особен акцент става на хардверот и на оние коишто го развиваат. Интервјуто е направено за време на овогодишниот Светски конгрес за мобилни технологии (MWC), кој секоја година се одржува во Барселона. Интервјуто во целост е преземено од веб-страницата на Лаб501.
Речиси и не постои читател на ЛАБ501 што не чул за Кристијан Моралес (Christian Morales), потпретседател на Интел и генерален менаџер на ЕМЕА (Европа, Средниот Исток и Африка). Со текот на времето, г. Моралес стана еден од нашите омилени партнери за дискусија од Интел, па не можевме да ја пропуштиме можноста да се видиме повторно на MWC 2014. Го прашавме неколку прашања, специјално за нашите читатели.
ЛАБ501: Здраво, мило ни е што повторно се среќаваме! Последен пат се сретнавме на CEBIT 2013, каде што зборувавте за стратегијата на Интел за мобилниот сектор. Како се одвиваат работите за Интел во минатата година?
Кристијан Моралес: Пред сè, ако зборуваме за мобилниот сектор, минатата година пласиравме повеќе различни смартфони, таблети, конвертирачки направи итн. Од оваа гледна точка, бевме значително активни во Европа и Африка и последно, но, не и помалку, важно вчера "лансиравме" два нови видови архитектура, dual-core и quad-core. Dual-core процесорите ќе бидат испорачани на пазарот во првата половина од оваа година. Зборуваме за чипсети направени на 22nm технологија, кои првенствено се наменети за подобра графика и подолг работен век на батеријата. Исто така, објавивме едно од најнапредните решенија за LTE во моментов.
ЛАБ501: Смартфоните и таблетите доживеаја голем успех минатата година. Како еволуираа корисниците на PC (Notebook, Ultrabook, PC)?
Кристијан Моралес: Четвртата генерација на Intel Core процесори има рекордна потрошувачка, Ултрабук и "2 во 1" уредите имаат голем придонес во ова. Кога го претставивме Ултрабук, само 7 проценти од преносливите уреди беа тенки и лесни. Овој тренд ќе продолжи со Broadwell, кој ќе биде најавен во втората половина од оваа година.
ЛАБ501: Broadwell ќе биде претставен првенствено за мобилни уреди или ќе ги видиме и како десктоп процесори до крајот на годината?
Кристијан Моралес: Прво, ќе бидат претставени верзии наменети за мобилни уреди, но Broadwell евентуално ќе биде вграден на десктоп системите, најчесто кај “сè-во-едно” уредите и "high-end" десктоп уредите за професионалци и ентузијасти, две категории со константен пораст.
ЛАБ501: Како и секогаш, го затвораме интервјуто со класично прашање – Каква, според Вашето мислење, беше еволуцијата на сегментот PC Client во минатата година и дали мислите дека дополнително ќе се менува во следниот период?
Кристијан Моралес: Минатата година пазарот на персонални компјутери забележа севкупен пад, но Ултрабук, convertible, All in One уредите и категориите на PC ентузијасти растат константно. Всушност, во четвртиот квартал од 2013 имавме рекордни продажби за Core i5 и Core i7 и Интел, како компанија, се зголеми, порасна од четвртиот квартал во 2012 година. Постои можност пазарот на персонални компјутери да забележи намалување и во следната година, но категориите што претходно ги напоменав ќе продолжат да растат. Ако на овие категории додадеме таблети и смартфони, ќе добиеме широк спектар на паметни производи со кои можеме да комуницираме и да се поврземе на "облак" (Cloud) и мислам дека диференцираноста и целокупноста на ова портфолио го разликува Интел од други компании.
ЛАБ501: Ви благодариме за Вашето време.
*Оригинално објавен од LAB501.ro