Германскиот гигант за производство на автомобили VW ги опремува новите поло автомобили со нови мотори кои ги задоволуваат EURO 6 нормите за емисија на штетни продукти, кои стапуваат на сила од септември оваа година. Во просек, заштедата на горивото од новите мотори е и до 21%, што ќе рече дека се работи за извонредно економични, а со тоа и чисти мотори.
Во понуда се три нови бензински мотори. Првите се 3-цилиндрични мотори со зафатнина од 1 литар и моќност од 60 и 75 КС. Потоа следува понудата на 4-цилиндрични мотори со зафатнина од 1,2 литри и TSI технологија со моќност од 90 и 110 КС. На крајот, понуден е мотор со зафатнина од 1,4 литри со можност за исклучување на цилиндрите чија максимална силина е 150 KS.
Се работи за исклучително модерни и чисти мотори. Емисијата на CO2 од 3-цилиндричниот мотор од 1 литар од 90 КС е 94 g/km, што значи дека се работи за многу чист мотор, едноставно, вистинско совршенство.
Исто така, предвидени се и два нови дизелски 3-цилиндарски 1,4 литри TDI агрегати, кои ќе ги заменат досегашните 1,2 и 1,6 литарски агрегати од 75 и 90 КС.