Рубрика: Аудио и видеотехника
LG LAP340 SoundPlate добитник на iF наградата за дизајн
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 21.02.2014 - 15:21

Компанијата LG Electronics, повторно е добитник на признанието кое го доделува организацијата International Forum (iF). Престижната iF награда секоја година се доделува за производи кои поседуваат врвен и иновативен дизајн и е една од најпознатите во оваа област.
Звучниот систем LG LAP340 SoundPlate, кој крена прашина кога за прв пат беше претставен на минатогодишниот IFA саем во Берлин, е добитник на овогодишната iF награда за дизајн.
Звучниот систем LAP340 SoundPlate, со дебелина од неверојатни 35 мм, е создаден да го пополни звучното искуство при гледањето на вашата омилена содржина на ТВ. Поставен под телевизорот, овој систем го штеди просторот истовремено надополнувајќи го и визуелниот впечаток. Можеби е мал и дискретен, но нека не ве излаже изгледот, бидејќи овој стилски уред произведува 4.1- канален Surround звук, има вградени ултратенки двојни сабвуфери, како и двоен звучник со неодимиумски магнет. Покрај ова, тој идеално се вклопува со телевизорите со дијагонала меѓу 80 и 140 сантиметри. Благодарение на опцијата Bluetooth, сега можете да го поврзете SoundPlate со својот смарт телефон и од него да ја пуштате својата омилена музика со доживување како да сте во концертна сала.
Традицијата долга 60 години во оваа област, жирито составен од голем број експерти и над илјада пријави од целиот свет, многу зборуваат за iF наградите за дизајн, но и за компаниите во чиишто раце отидоа наградите. Доколку сакате да дознаете повеќе за овогодишниот LG - добитник на ова престижно признание, можете да го посетите официјалниот Youtube канал на LG или посетете го нивниот официјален веб-сајт www.lge.com.

Клучни зборови: