Рубрика: Автомобилска техника
ŠKODA Rapid Spaceback пристигна во Македонија
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 19.12.2013 - 11:14

Оваa зима и македонските возачи со своите семејства ќе можат да уживаат во патувањето и зимскиот одмор со новиот автомобилски убавец ŠKODA Rapid Spaceback, благодарение на генералниот увозник за ŠKODA – "Porsche Macedonia". Атрактивен и економичен, првиот хечбек модел во компактната класа на ŠKODA гарантира пријатно, едноставно и практично патување на радост на целото семејство.
Škoda Rapid Spaceback нуди комфорно место за пет лица и простран багажник со волумен од 415 литри, како и импресивен простор за нозете и главата, кои гарантираат пријатно возење. Овој компактен автомобил вклучува многу решенија како што се двоен под во багажникот на возилото, кој го дели подот со две хоризонтални прегради кога е потребно, гребалка за мраз поставена во внатрешноста на поклопецот на резервоарот, многу држачи за различен товар, мрежи и прегради во багажниот простор, што на патниците им овозможува едно поинакво и поудобно зимско возење и големо олеснување во поглед на тоа дека можат да си ги понесат сите лични нешта неопходни за патување или, пак, за уживање во зимскиот одмор. Со својата просторност, функционалност, како и со својот дизајн, несомнено поставува нови стандарди во својот сегмент и е идеален автомобил за младите луѓе и за семејствата.
Rapid Spaceback освојува уште од прв поглед со својот уникатен дизајн - комбинација од спортска свежина и динамична елеганција. Динамичната силуета на Rapid Spaceback ја одбележуваат јасни линии, динамични контури, како и посебни шик моменти коишто го прават атрактивен и привлечен. Уште еден специјален детал кај овој автомобил е тоа што по желба може да се нарача и со панорамски стаклен покрив кој се протега од ветробранското стакло до прозорецот на петтата врата, со што е најголемиот стаклен покрив кој некогаш е понуден кај моделите на Škoda! Ова на патниците им овозможува непречен поглед кон небото, доволно светлина во кабината и чувство за простор, како и слобода при возењето за кое само небото е граница!
Внатрешноста е удобна и елегантна, прегледна и надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни" решенија , корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно.
Моторите што се вградуваат се четири бензински и две дизел верзии. Новиот Rapid Spaceback е опремен со безбедносната опрема која стандардно се нуди во моделите на ŠKODA, со бројни активни и пасивни безбедносни системи.
ŠKODA Rapid Spaceback е идеален автомобил за семејствата што се во потрага по простран прв автомобил, кој ги комбинира достапнатата цена и познатиот квалитет на ŠKODA.