Корпорацијата Интел и фудбалскиот клуб "Барселона" вчера го објавија потпишувањето на договор за партнерство кој ги соединува двата бренда кои имаат заеднички вредности кога станува збор за иновацијата и перформансот, но и поддршката на заедниците на кои им служат ширум светот.
Партнерството ќе биде претставено на новите дресови на ФК Барселона, на кои ќе се најде логото на Интел. Ова е прв случај каде лого на партнер ќе се најде на дресовите на овој клуб. Новите дресови беа претставени во просториите за тренинзи од страна на Дебра Конрад како претставник на Интел, Сандро Росел, претседателот на ФК Барселона и играчите Жерар Пике и КарлесПујол. Новиот дрес ќе се носи на натпреварот против „Вилареал“ на 14 декември.
"На наше огромно задоволство, ФК Барселона ги здружува силите и ги споделува вредностите на иновација и тимска работа со светски признаена компанија како што е Интел," изјави Росвел. "Секој поставува нови трендови во своето поле на работа и сигурен сум дека соработката која ја започнуваме ќе биде од голема важност и ќе значи повеќе од само финансиско спонзорство.“
Иницијативите кои беа претставени се:
• Обезбедување на производи со Интел технологија на студентите на познатата академија "ЛаМасија“ со цел да се негува креативноста.
• Обезбедување најнови 2 во 1 уреди базирани на технологиите на Интел за играчите и тренерите на ФК Барселона, како и соработка со клубот за подобрување на истражувањето, тренинзите и играта со помош на најнови технологии.
• Соработка за подобрување на искуството на обожавателите со помош на нова технологија на Камп Ноу.
• Обезбедување најнова технологија на образовната мрежа која ФК Барселона ја има развиено низ целиот свет.