Звучи интересно… дури и одлично. Замислете две светски сили опремени со роботи-војници кои поради каква било ситница "ја спукале" и си објавиле војна. Улогата на обичниот војник би се свела на далечинско управување со овие роботи. Е, дури тука би дошла до израз умешноста стекната преку играњето компјутерски игри.
Но, замислете ситуација од едната страна да се живи луѓе, а на нив да јуришаат роботчиња? Која страна би сте ја избрале?
Овој концепт го развива армијата и маринците на САД (а кој друг, btw?), и предвидува подвижни роботи опремени со автоматски пушки M240, далечински контролирани од вистински војник. Имаат можност да се движат и ноќе, на далечина до 100 јарди (91 m) доколку не бидат попречени од дрворед или од друга (засега) непремостлива препрека. Употребуваат термални сензори за да ги детектираат непријателските војници.
Ова не се хуманоидни роботи, туку се движат на тркала, но тоа е само чекор кон таквите… ајде, да ги наречеме ROBOSOL’s (по примерот на ROBOCAP).
Не е познато дали нивните термални сензори можат да се залажуваат со оган или со друг извор на топлина. Тоа што е познато е дека се прилично брзи во нишанењето и релативно прецизни, макар што и во тој поглед може уште да се поработи.
Како тоа изгледа "во живо", можете да погледнете на следниов линк:
http://www.computerworld.com/s/article/9243164/Machine_gun_toting_robots... =CTWNLE_nlt_wktop10_2013-10-18