Рубрика: Информатика
NVidia Tegra 6 – Android запловува во 64-битни води!
Автор: Зоран Ивановски
Објавено на 12.11.2013 - 01:01

Иако претходно најавено за 2015-та година, шестата верзија на чиповите Tegra ќе го заземат своето место во таблет и smartphone уредите кон крајот на наредната, 2014-та година. Всушност, првите примероци ќе се појават на почетокот од 2014-та, но масовното производство ќе започне подоцна.
Засега сè уште нема официјални податоци за спецификациите на Tegra 6, за нив не се говори ни во кулоарите, што значи дека Nvidia нема намера ништо да му препушти на случајот. Ништо чудно, со оглед на тоа што и конкуренцијата работи со полна пареа – Samsung веќе објави дека работи на 64-битна верзија на нивниот Equinos, а и Qualcomm не седи со скрстени раце.
Очигледно е дека развојот на мобилните платформи доживува вистински бум и дека во наредните година-две ќе бидеме сведоци на невидена трка во поглед на перформансите и опциите. Особено кога знаеме дека и Intel полека се вмешува во трката.