Долго време, првата утринска активност на студентите беше претурање по белешките од претходната вечер и барање на она што во тој момент им е итно потребно. Предолго, ако прашате некој студент кој доцни на испит или на важно предавање. Големиот напредок на полето на технологијата доведе до менување на навиките и до полесно организирање на работните обврски. Денес, лаптопот на просечниот студент е токму како и самиот студент, во постојано движење. Секојдневно собира нови и чува стари информации, извршувајќи комплицирани задачи. Се користи за пишување семинарски трудови, брза подготовка на презентации, сурфање на интернет и комуникација со колегите. Од друга страна, лаптопот лесно станува најдобар сопатник на студентот, како во текот на патувањето, така и по него, овозможувајќи му секое патување да го мине во постојан контакт со пријателите, "четувајќи", слушајќи музика или гледајќи филмови, како и сите свои драги спомени подоцна да ги сподели со пријателите.
Во Скопје, Битола, Штип, Тетово, како и во другите поголеми студентски центри во Македонија, студентите кои доаѓаат од други градови честопати го менуваат местото на престој, делат мали станови со повеќе цимери и патуваат кај родителите. Има и такви кои и неколкупати неделно минуваат големи растојанија до градот во кој студираат. Во сите тие ситуации лаптопот е секогаш при рака за да може обврските да се завршуваат навреме, а слободното време и патувањата да се искористат што поквалитетно. За еден студентски лаптоп да има долг век на траење, освен техничките потреби на корисникот, треба да задоволува уште неколку други критериуми. Пред сè, треба да биде издржлив, отпорен на гребење и многу лесен, за да биде практичен за носење.
Дизајнерите на компанијата Dell при креирањето на линијата лаптопи Inspirion, пред сè ги имаа на ум студентите, како корисници со најголеми барања. Компанијата одлучи токму на студентите да им ги отстапи своите лаптопи за да спроведе мал експеримент. Компјутерите патуваа од рака на рака кај студенти кои живеат и студираат во различни градови, а имаа задача да ги бележат своите искуства од користењето на овие уреди во секоја ситуација. Студентите имаа неколку основни задачи. Имено, требаше да снимат пет видеоклипови од по минимум 30 секунди или една снимка од две минути и да ја прикажат вообичаената атмосфера во која секојдневно се наоѓаат. Покрај тоа, требаше да направат и најмалку 15 фотографии со камерата на лаптопот во опкружување и ситуации по сопствен избор. За тестирањето да биде веродостојно и уверливо, учесниците требаше да го користат лаптопот Inspirion токму онака како што го користат својот личен компјутер.
Добиените материјали покажаа дека Inspirion е идеален за студенти со динамичен животен ритам, а покрај тоа, Inspirion има гаранција од три години. Примарната цел на овој експеримент не беше да се докаже издржливоста на компјутерите Inspirion, туку да им се овозможи на студентите да ги откријат нивните предности користејќи ги за извршување на обврските, во оние околности со кои секојдневно се соочуваат. Dell на овој начин покажа дека лаптопите Inspirion во целост можат да ги следат потребите на студентите и дека додека многумина само зборуваат за студентите, некој и навистина се грижи за нив.