Рубрика: Телекомуникации
Huawei Ascend P6 пристига – еве што да очекувате
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.09.2013 - 11:07

Huawei Ascend P6 е новиот паметен телефон од кинескиот производител Huawei. По официјалното претставување во повеќе европски престолнини, од овој месец го очекуваме и кај нас, благодарение на Т-Мобиле.
Првиот впечаток е импресивен – полираниот металик-изглед и природно заоблената основа го прават овој паметен телефон истовремено елегантен и интуитивен. Елегантниот дизајн се должи на тенката става – 6,18 милиметри дебелина, надополнета со Corning Gorilla Glass екранот од цели 4,7 инчи и резолуција од 1280х720 пиксели. Според производителот при изработката на Huawei Ascend P6 се користени висококвалитетни материјали, стакло и метал. Целиот уред тежи само 120 грама.
Во срцето на овој паметен телефон се крие четиријадрениот процесор од 1,5 GHz, поддржан со 2 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија. Ако меморијата ви се чини мала, телефонот нуди поддршка за мемориска картичка micro SD до 32 GB.
Паметниот телефон доаѓа со Андроид Jelly Bean 4.2.2, две камери – предна и задна, сите нужни сензори – акцелерометар, жироскоп, proximity, компас и температура, како и Dolby Digital Plus sound enhancement за беспрекорен квалитет на звукот.
Предната камера има респектабилни 5 мегапиксели кои на корисникот му овозможуваат висок квалитет на личните портрети. Благодарение на новата генерација фотографски софтвер со вградена "поддршка за моментална убавина на лицето", oдносно можност за инстант-пеглање на брчките и изедначување на нијансите на лицето, доколку го поседувате овој телефон ќе бидете во можност да направите совршени автопортрети со само едно кликање на копчето за сликање! Главната BSI камера, сместена од задната страна, има резолуција од 8 мегапиксели и автофокус функција (object tracing focus). Нуди можности за снимање видеосодржини во FULL HD резолуција, макрофотографирање и при оддалеченост од само 4 cm од oбјектот, како и репродукција на снимените видеосодржини. Сопствениот фотографски софтвер на Huawei, IMAGESmart, со помош на автоматските нагодувања на контрастот и бојата, можноста за автоматска детекција на околните услови и фотографирање согласно со опкружувањето ќе му помогне на секој почетник да се престори во вистински фотопрофесионалец.
Одличен додаток на Андроид платформата е корисничкиот интерфејс Emotion UI, којшто, меѓу другото, како новина нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите. Подобрениот кориснички интерфејс вклучува и низа подобрувања на Uni-Home, вклучувајќи зголемена безбедност, Huawei Me Widget, MagicTouch и SmartReading.
Уникатните Automated Discontinuous Reception (ADRX) и Quick Power Control (QPC) батерија за оптимизација, како и технологијата за зачувување на енергијата ги подобруваат перформансите за повеќе од 30%, во споредба со батериите на паметните телефони со иста големина. Мноштвото AirSharing можности на корисникот му овозможуваат поврзување со голем број уреди. На овој начин се дава можност за зголемување на продуктивноста, лесно споделување на документите од уред на уред или, пак, подобрено гејмерско искуство со минимално задоцнување.
Huawei Ascend P6 доаѓа во три бои: бела, црна и розова.
Дека се работи за еден од оние must-have уреди, сведочи и неодамнешното признание за најдобар мобилен телефон во категоријата "паметен телефон за корисници", доделено од страна на Европската асоцијација за слика и звук – EISA. Според зборовите на судиите од EISA, Huawei Ascend P6 е изненадувачки добро опремен паметен телефон, по многу атрактивна цена. Инаку, судиското жири за награди на асоцијацијата EISA го сочинуваат уредници на 50 списанија за електронски уреди од 19 европски земји.

Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, на почетокот на месец октомври. Идните корисници кај нас ќе може да изберат меѓу црна и бела боја на куќиштето, придружени со футроли во соодветните бои. Сите заинтересирани корисници за овој телефон ќе можат да ја искористат можноста да го купат со попуст од 10 %, доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или, пак, ако подигнат ваучер во некоја од најблиските Телеком продавници во периодот од 26.9.2013 до 9.10.2013. Искористувањето на попустот е во период од пристигнувањето 1.10.2013 до 31.10.2013.