Рубрика: Телекомуникации
Хендрик Беикирх и Интел креираa неверојатен смарт-телефон
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.09.2013 - 15:47

Светски познатиот уметник за графити, Хендрик Беикирх и неговиот шестметарски смарт-телефон нацртан со спреј беше една од најголемите атракции на познатиот саем за Електроника и апарати за домаќинство (IFA) кој се одржа во Берлин на 5 и 6 септември. Грандиозната уметничка инсталација беше презентација на Интел, предводник во компјутерска иновација, и со неа се прикажа умешноста на компанијата во производство на процесори кои обезбедуваат извонреден перформанс кај телефоните, без притоа да ја зголемуваат потрошувачката на енергија и долготрајноста на батеријата.
Изложувањето на огромниот телефон им овозможи на посетителите да ѕирнат во внатрешноста на телефонот, а уметникот го искористи задниот дел на телефонот за со спреј да нацрта девојка која држи смарт-телефон. Потребни му биле 104 спрееви и 24 часа за четириметарскиот портрет кој бил дел од изложбата во „Сомергартен“ до недела. Голем дел од посетителите ја искористија можноста да се запознаат со уметникот и да учестуваат во лотарија. Хендрик Беикирх и Интел изјавија дека ќе ги донираат тие пари во добротворни цели.
"Цртањето со спреј на огромен смарт-телефон е уникатна идеја што ми се допадна од првиот момент кога ја слушнав од Интел. Се надевам, посетителите уживаа во процесот на создавање, се разбира и во комплетираното уметничко дело," изјави Хендрик Беикирх, кој е припадник на германската улична уметничка авантгарда и е познат на светско ниво. Познат под својот алијас "ECB", уметникот црта на згради и големи платна. Овие слики ги прикажуваат ликовите на обичните луѓе и секој од нив раскажува приказна за животите на луѓето од градот во кој живее.
"Хендрик Беикирх беше одличен. Тој е талентиран и креативен уметник чии портрети се длабоки и значајни; го прикажуваат обичниот живот на невообичаен начин. Интел ги повикува сите да "погледнат" во внатрешноста на технологијата на нивните уреди," изјави Клаус Обермаер, маркетинг менаџер за Германија и Австрија во Интел. "Илјадници луѓе го видоа нашиот приказ на настанот, направени се голем број фотографии од големиот телефон, истите се споделени на фејсбук каде се коментира колку им се допаѓа уметничкото дело на Хендрик."
Од 2012 година наваму, Интел произведува најразлични висококвалитетни процесори за смарт-телефони кои може да се најдат кај апаратите на компании како Motorola, ZTE, Lenovo, Acer и Prestigio. Едни од последните производи во 2013 година се Интел атом платформите Z2580, Z2560, Z2520 и Интел атом платформата Z2420 која се одликува со ниска потрошувачка. На настанот Интел ги претстави најновите смарт-телефони кои содржат Атом процесори, како што се ZTE Grand X2 IN, Lenovo K900 и Prestigio MultiPhone 5430, како и најразлични уреди кои нудат иновативни процесирачки искуства.