Иако пензионирањето на Стив Балмер на позицијата извршен директор на Мајкрософт беше најавено кон крајот на август, сепак на површина излегоа детали кои ја откриваат вистинската природа на пензионирањето. Имено, пензионирањето беше најавено да се случи во текот на наредните 12 месеци, односно во моментот кога ќе биде избран нов извршен директор. Пензионирањето на Стив Балмер се случува во период кога во Мајкрософт се подготвува значајна трансформација. Како што изјави и самиот Балмер, не постои идеално време за трансформација, но токму сега е вистинското време. На компанијата £ е потребен извршен директор кој ќе биде на таа позиција подолг временски период, и кој ќе биде во тек со новите трендови. Колку за потсетување, Мајкрософт е во договор со Нокиа да ги купи уредите и бизнис-сервисите на Нокиа, да ги лиценцира патентите на Нокиа и да ги лиценцира и да ги користи сите нејзини мапинг-сервиси. Сето тоа за сума од 3,79 милијарди долари.
Сепак, изгледа дека вистинската причина се 900 милиони ам. долари врзани за таблетот Surface RT, што ја прелеа чашата. Патрик Мурхед, главен аналитичар во Moor Insights & Strategy изјави дека Балмер е избркан од страна на одборот или дека барем е ставен во ситуација во која почувстувал дека е подобро да замине и да си го сочува образот.
Главна причина што Балмер не заминал по своја волја, туку е избркан, се токму 12-те месеци период за избор на нов извршен директор.