Рубрика: Психологија
Чувства што ги предизвикува математиката
Автор: Ирена Кацеска
Објавено на 30.07.2013 - 12:43

Колкупати сте слушнале дека луѓето ги боли глава од математика? Можеби сте од оние што ја доживеале таа болка, а можеби сте се посомневале дека станува збор за каприц на луѓето кои не сакаат да ги напрегнуваат мозочните бразди. Новите истражувања покажале дека во ова тврдење има многу вистина. Имено, според студиите на Јан Лионс и Сијан Беилок, професори по психологија од Чикаго, тешкотијата што ја предизвикува математиката не е само психичко доживување.
Познато е дека голем процент од луѓето чувствуваат страв од математика и настојуваат да го избегнат секое сложено соочување со тешките задачи. Оваа појава е толку раширена, што денес ретко кој се срами да признае дека математиката му создава проблеми. Американскиот тим решил да направи истражување на природата од непријатни чувства кои математиката ги создава кај луѓето.
Во тестирањето учествувале 14 доброволци со висок праг на страв од математика и 14 со низок праг. Секој од нив добил повеќе прашања поврзани со математиката и со одредени зборови. Истовремено на нивниот мозок е направена и магнетна резонанца. Скенирањето открило дека кај луѓето со голем страв постои вистинска навала на активности во задниот дорзален оток и средниот кингуларен кортекс, делови од мозокот кои се активираат кога личноста чувствува физичка болка како што е изгореницата. Истите подрачја се активираат и во социјално болните ситуации, како што е на пример раскинувањето на врската со љубовниот партнер. Ваквите реакции се забележани само кај "математикофобичните" луѓе.