Најсилен природен антибиотик, кој уништува широк спектар микроби, вклучително вируси, бактерии и габични инфекции, е екстрактот од семките на грејпфрутот, познат и како цитрофит. Затоа, треба да се знае широкиот спектар на дејствување на овој чудотворец меѓу природните лекови.
Грејпфрутот е познат како антиоксиданс со силно антибактериско дејство. Богат е со витамин Ц, ги содржи витамините А, Б, Д, Е и К, како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо. Но, неговото богатство се крие внатре, во семето.
Од семките и од кашата на грејпфрутот се добива цитрофитот, кој е најсилниот антибиотик што влијае на јакнењето на имунитетот. Поради големиот број полифенолни соединенија, биофлавониди (60-70 проценти), екстрактот од семките на грејпфрутот покажува неверојатни својства:
- го намалува нивото на холестерол во крвта;
- идеален е за превенција од грип и од настинка;
- дејствува кај алергиите;
- лекува акутни и хронични воспаленија;
- помага кај лекувањето на гастроинтестиналните инфекции;
- лекува болести предизвикани од паразити;
- идеален е за плакнење на устата, кај ранички во устата, здивот, кај испукани и суви усни;
- дејствува против забните наслаги (плак) и кај кариесот;
- помага кај болките во увото и кај хроничните воспаленија на увото;
- одлично се покажал во борбата против првутот, чешањето на темето и кај паразитите во косата;
- исцелително дејствува кај малите исеченици, гребнатините, раничките, изгорениците и кај осипот;
- ги смирува убодите и гризнувањата од инсекти;
- помага кај чиревите на нога, брадавиците и кај кожните инфекции;
- дејствува кај габични инфекции и кај вагинални паразити;
- помага во борбата против слободните радикали, помага кај проблеми со црниот дроб и ги јакне артериите.