Денес, 4.07.2013, во гостилницата Кригла, компанијата Натусана одржа кратка медиумска презентација пред официјално да ја отпочне нивната рекламно-едукативна кампања насловена како "Во дава чекора за поубави нозе".. Кампањата стартува ова лето во Охрид преку директен контакт со лица коишто се соочуваат со овој проблем од естетска природа.
Топлото време, долгото стоење, тесните обувки, се честа причина за појава на отоци на нозете. Мрежата од проширени површински капилари не е заболување туку пред сè проблем од естетска природа, почесто појавувајќи се кај жените, но присутна е и кај мажите.
Кампањата на Доктор Тајс и Натусана како нивни застапници, има за цел да ги едуцира луѓето кои со соочуваат со проблемот на проширени вени и капилари, како превентивно да делуваат и како да го направат истиот помалку видлив и непријатен со употреба на препаратите во чија основа се наоѓаат природни состојки. Во својата колекција на билни препарати Доктор Тајс нудат производи наменети и за третман на површинските, но и за длабинските варикозни вени.
Од Натусана ги препорачуваат Микро-Венен балзамот и спрејот на Доктор Тајс како идеална комбинација за лето за сите оние кои се соочуваат со овие проблеми. Овие фармацевтски производи се направени со строго избрани природни состојки, екстракти од винова лоза и див костен, етерични масла од џуџест бор итн.
Г-динот Александар Донев, менаџер на Натусана кои се генерален дистрибутер на марката Доктор Тајс во Македонија, во своето обраќање истакна:
"Брендовите на Доктор Тајс се едни од најбараните и најреномираните производи во аптеките ширум светот. Нивната 30-годишна традиција и врвен квалитет ги прави да бидат лидери на пазарот за произведвање на светски препарати од природни состојки. Микро Венен е одличен производ за сите кои сакаат да се чувствуваат удобно во летните периоди и убаво да изгледаат. Летната кампања стартува во Охрид, а потоа продолжуваме со голем број на едукативни активности и низ другите градови."