Во организација на велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а подржано од автомобилскиот бренд ŠKODA, на 16 јуни 2013 година ќе се одржи реномираниот "Мавровски велисипедски маратон". За љубителите на природата и на велосипедизмот возењето низ пределите на Маврово е вистински празник, особено во овој период од годината. ŠKODA е поддржувач на велосипедизмот во Македонија и интернационално, како дел од новата "GreenFuture" стратегија, која има за цел производство на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно придонесува и кон зачувување на животната средина. Целокупното производство на Škoda до 2018 година ќе се преструктуира, што ќе доведе до 25% помала потрошувачка на енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид, како и производство на автомобилски делови кои во целост ќе може да се рециклираат. Токму Новата ŠKODA Octavia која неодамна пристигна во Македонија, и која има за 19 проценти помала потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови во однос на предходниот модел, што претставува одлична заштеда, особено при долгите патувања, ќе биде официјалниот придружник на велосипедистите кои ќе учествуваат на ова натпреварување. Во прекрасниот амбиент на реканскиот крај, придржени од енергетски ефикасната ŠKODA Octavia, натпреварувачите ќе возат на релација Маврово - Леуново - Сандакташ - Чавкарник - Лазарополе - Тресонче - Селце - Маврово, или вкупно 93 км. Истовремено истиот ден ќе се одржи и рекреативниот полу маратон, кој ќе се вози околу Мавровското Езеро. За рекреативците е обезбеден и бесплатен автобуски превоз од Скопје до Маврово. Стартните броеви ќе се доделуваат на 16.06.2013 од 07:30 до 08:30 часот, а натпреварувањето ќе биде спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.