Дали сте се запрашале колку време е потребно за да се разградат одредени работи од вашата секојдневна канта за отпад? Некои од податоците се изненадувачки, а се однесуваат на разградување во природата. На депонија, тој процес трае многу подолго, бидејќи сè е покриено и не е изложено на воздух.
Но во просек:
• хартиените марамчиња се разградуваат од 2 до 4 недели;
• на весникот му е потребно месец и половина за да се разгради;
• лушпата од јаболко ќе биде разградена за два месеца;
• лушпа од портокал се разградува 6 месеци;
• исто толку трае и разградувањето на чкорчињата;
• на иверицата и се потребни една до три години за да се разгради;
• мастика за џвакање ќе биде разградена за период до 5 години;
• волнена чорапа се разградува 1-5 години;
• тетрапак-пакување ќе биде разградено за пет години;
• догорче од цигара во природата се разградува за 10 до 12 години;
• на кожените чевли им се потребни од 25 до 40 години;
• лименките се разградуваат дури еден век, а исто толку им е потребно и на пластичните запалки;
• процесот на разградување на пластични садови трае од 50 до 80 години;
• пластичните шишиња што ги гледаме секојдневно насекаде се разградуваат 500 години;
• исто толку им е потребно и на стаклените шишиња;
• процесот на разградување на пелени изнесува 450 години;
• кредитните картички се разградуваат дури 1000 години;
• на стаклото му е потребно 4000 години;
• супстанција која никогаш не се разградува е стиропорот.