Неодамна корпорацијата Интел ја прикажа новата микроархитектура "Силвермонт" со висок перформанс и ниска потрошувачка.
Технологијата е со широка примена и нејзината примена покрива сè од пазарот на паметни телефони па сé до центрите за податоци кои имаат потреба од ниска потрошувачка. Силвермонт ќе биде основа за голем број инвентивни производи кои ќе се појават на пазарот кон крајот на годината и ќе се произведуваат со водечкиот производствен процес на 22 нанометарски три-портни системи на чип, кој значително го подобрува перформансот и ја зголемува енергетската ефикасност.
Микроархитектурата Силвермонт овозможува најголема ефикасност по ват. Дизајнот овозможува поголема поддршка за поголема динамичност и подобрувања во перформансот и енергетската ефикасност. Според неколку стандардни мерења, Силвермонт овозможува околу три пати подобар врвен перформанс или истиот перформанс за речиси пет пати помала потрошувачка за разлика од јадрото на Интел Атом процесорот.
Микроархитектурата на Интел е дизајнирана и оптимизирана со 22 нанометарскиот процес користејќи ги 3-Д три-портните транзистори. Интел ја искористува оваа водечка технологија и со тоа овозможува подобар перформанс и пониска потрошувачка.
Други позитивни страни на оваа микроархитектура се:
- Нова повеќејадрена архитектура која е скалабилна дури до осум јадра и која овозможува подобар перформанс за повисок проток на информации, помала латенција и поефикасна „out-of-order“ поддршка за побалансиран систем кој побрз и поренспонсивен систем.
- Перформансот ќе се подобри и со нови инпут-аутпут инструкции и технологии, исто и виртуелизација и безбедносни карактеристики за најразлични производи. Овие инструкции се само дополнување на постоечката поддршка на Интел за 64-битни системи.
- Зајакнатите карактеристики за управување со потрошувачката на енергија вклучуваат интелегентна „burst“ технологија и поголема динамичност во операциите што ги искористува 3-Д транзисторите. Технологијата на Интел Burst Technology 2.0 која поддржува едно и повеќе јадра нуди побрз одговор на системот кое води до поголема енергетска ефикасност.
Силвермонт ќе послужи како основа за 22 нанометарски производи кои треба да се појават на пазарот кон крајот на годината. Подобрувањата во перформансот по ват кај новата микроархитектура ќе направи голема разлика во перформансот и брзината на одговор кај уредите кои ќе ги користат овие производи.
Четиријадрениот систем на чип "Bay Trail" е закажан да се појави кај таблетите ова лето и повеќе од двојно ќе го подобри перформансот при процесирање на сегашната генерација таблети со Интел процесори. Поради флексибилноста на Силвермонт, варијации на платформата "Bay Trail" ќе сe користат во сегменти на пазарот како лаптоп и десктоп компјутери во инвентивни форм фактори.
Повеќе информации за Интел на www.intel.com