Рубрика: Омнибус
Конференција "Одржливост на новите медиуми"
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 09.05.2013 - 20:00

На 11 мај 2013, во организација на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, ќе се одржи конференција на тема, „Одржливост на новите медиуми“. Во 10 часот, во салата City Hall во Скопје, Конференцијата ќе ја отворат г-а Леана Мар - директор на Канцеларијата за образование на УСАИД и Вршител на должност директор на УСАИД и г. Бардил Јашари, директор на Метаморфозис.
Целта на оваа конференција е да се придонесе кон зголемување на слободата на изразување преку помагање на медиумите од Македонија да се прилагодат на новите пазарни услови кои произлегуваат од дигиталната средина, преку пренос на знаења и меѓународни искуства на поле на развој на медиумите и отворени дискусии за регионалниот и локалниот контекст.
Главен говорник е г. Маркус Икстад, експерт од САД, комерцијален директор во Streamworks Interactive и поранешен директор на продажба во Асошиејтид Прес (АП), кој ќе ги претстави тековните трендови и решенија од гледна точка на неговото 21-годишно искуство во градење нови деловни модели и нови искуства за корисниците.
Исто така, своја презентација ќе има и г. Тони Габриќ, главен уредник на порталот H-Alter.org, кој во последните 8 години работа три пати е избран за еден од десетте најдобри информативни портали во Хрватска. Тој ќе го презентира своето искуство околу формите на институционална поддршка за непрофитните медиуми во Хрватска.
По презентирањето на меѓународните искуства, ќе биде одржана тркалезна маса на која ќе се дискутира за состојбите во Македонија од гледна точка на клучните заинтересирани страни: медиумски професионалци, претставници на маркетинг агенции и огласувачи, деловниот, владиниот и граѓанскиот сектор.
Сите детали за конференцијата, како и ажурирана агенда се достапни на:
www.metamorphosis.mk/nmsc
Настанот ќе биде емитуван во живо преку vozivo.mk, а сите заинтереситани ќе може да се вклучат во дискусиите преку Твитер со хаштаговите #медиуми и #mediumi.
Медиумски покровители на настанот се: Радио МОФ, Порталб, Пинг, +Инфо, Канал 77, Црнобело, Кајгана, Нова ТВ, Блогираме, Клик Атак, Окно, МКД, ИАБ Македонија, Сакам инфо, Хајд парк, Мое бебе, Мојот град, Таратур, Комуникација, Албтајм и Емитер.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, обратете се на Ирина Шумадиева, , моб. тел. 075 495 309 или тел. 02/3109 325.