Ако вежбате некое музичко дело, преслушувањето на тоа дело во сон може да ви помогне точно да го отсвирите следниот пат, судејќи според истражувањето на Универзитетот Нортвестерн.
Шеснаесет учесници со различно музичко образование учеле да свират две мелодии со притискање на типките и следење на кругови што се движат. Се работи за концепт сличен на оној што се користи кај видеоигрите како Guitar Hero. За време на деведесетминутно дремење, една од мелодиите непрестајно била пуштана додека испитаниците се наоѓале во бавнобрановидната фаза на спиење (не РЕМ фаза), за која се верува дека претставува мошне важен период за процесот на помнење.
Кога испитаниците се разбудиле, тие биле подобри во свирењето на двете мелодии, но нивната изведба била особено подобрена при свирење на мелодијата која незнаејќи ја слушале во сон. Главниот автор, Кен А Палер (Ken A. Paller) смета дека важен дел од процесот на помнење се случува за време на спиењето, а од тоа можеме да имаме многу придобивки.
Заклучоците коишто биле презентирани укажуваат на тоа дека бавнобрановидната фаза од сонот претставува многу важен дел од процесот на паметење.