Во насока за стимулирање на творештвото на учениците во областа на електрониката, во мартовскиот број на Емитер (3/2013), во написот "Сигнал-трасер" (објавен на стр. 58-60) упативме повик до сите ученици да ни испратат фотографии од своите практични реализации на овој уред. Фотографиите, заедно со податоците на испраќачот, ќе бидат објавени на нашиот веб-сајт на страницата за сигнал-трасерот https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=4360 , со што делата на учениците ќе и бидат достапни на пошироката јавност. Конкурсот трае до 31.5.2013, по што нашето жири ќе ги прогласи најдобрите проекти и ќе ги додели следните награди:
1. награда: годишна претплата на Емитер и укоричен комплет од претходни броеви (донација од Емитер), плус мултиметар MY 62 (донација од ГАЦ електроник),
2. награда: полугодишна претплата на Емитер и укоричен комплет од претходни броеви (донација од Емитер), плус лемило 30W и вакуум пумпа (донација од ГАЦ електроник), и
3. награда: полугодишна претплата на Емитер и укоричен комплет од претходни броеви (донација од Емитер), плус експериментална плочка (донација од ГАЦ електроник).
Дополнително, наставникот кој е ментор на првонаградениот ученик ќе добие исто така годишна претплата на Емитер и укоричен комплет од претходни броеви.
Почитувани ученици од основните и средните училишта, направете сигнал-трасер, стекнете се со овој корисен инструмент и земете учество на нашиот конкурс – фотографиите од своите изработки испратете ги на нашата e-mail адреса podgotovka@emiter.com.mk или emiter@unet.com.mk .
Почитувани наставници по техничко образование и по практична настава, информирајте ги своите учениците за овој конкурс и, колку што е можно, помогнете им во изработката. Познавајќи ги наставните програми, се надеваме дека изработката на сигнал-трасерот можете да ја вклопите во редовните практични вежби или во проектните активности, со што ќе се добие помасовно учество на учениците на овој конкурс.
Напомени: Цртежот за изработка на плочката со печатено коло (ППК1308) може да се преземе од горенаведената страница на нашиот веб-сајт. Комплети со елементи за изработка на сигнал-трасерот можат да се набават од нашиот бизнис партнер ГАЦ електроник, тел. (02) 6091-506 и (02) 2462-555, e-mail: gacelektronik@t-home.mk.