Рубрика: Информатика
IDF 2013 Пекинг
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 15.04.2013 - 11:49

За време на овогодинешен IDF во Пекинг, кој се одвиваше минатата недела, извршните лица на корпорацијата Интел најавија нови технологии и партнерства кои имаат за цел да го променат начинот на кои луѓето ја користат технологијата односно од уреди да се пренасочат кон "клауд" системи.
На форумот е најавена експанзија на понудите за процесори на центри за податоци кои ја користат иновативната 22 нанометарска технологија. Притоа беа објавени детали за новите производи за центри за податоци кои се базираат на оваа 22-нанометарската технологија и новата "rack scale" архитектура, како и за новата четврта генерација на Интел кор процесори.
Исто така беа претставени и плановите на Интел да развие референтен дизајн за архитектура која користи технологии на Интел оптимизирани за распределба како цел „rack“. Придобивките од оваа архитектура би биле зголемена флексибилност, поголема густина и поголема искористеност што доведува до пониска цена за сопственост.
Наредната генерација 64-битен Intel® AtomTM процесор за микросервери познат под името „Avoton,” се испробува кај потрошувачите и се очекува да биде достапен во втората половина од оваа година.
Претставена беше и четвртата генерација Intel Core процесори која веќе се се испорачуваат до производителите и ќе биде промовирана во текот на овој квартал.
Даг Фишер, потпретседател и менаџер на Дивизијата за системски софтвер даде преглед и неколку митови кои се поврзуваат со индустријата и ќе ја претстави визијата за огромниот број можности кои им се нудат на развивачите. Особен акцент беше ставен на инкорпорирањето на најновите софтверски трендови, како на пример употребата на HTML5, за економизација при развојот на нивните апликации, како и употребата на интерфејси со перцептивни технологии за процесирање.
Главниот технички менаџер на Интел, Џастин Ратнер ја претстави визијата за поврзани и одржливи градови каде информатичката технологија ќе помогне при справувањето за предизвиците за чист воздух, вода, подобро здравје и поголема безбедност. Тој ја изненади публиката со ексклузивен приказ на технологијата Intel Silicon Photonics.
Форумот ги спојува световите на мобилни, дигитални претпријатија, дигитални домови, технологија и истражување. Се одржа на 10-ти и 11-ти април во Кинескиот конгресен центар и самиот настан е насочен кон пазарот во Кина за поддршка на локалната инвентивност и врвниот успех на Интел во тој регион.
Следната дестинација на форумот е тридневен настан во Сан Франциско, кој ќе се одржи од 10-12-ти септември во „Moscone Center West“.
Повеќе детали за IDF 2013 Beijing во априлскиот број на ЕМИТЕР.