Доколку сакате да бидете сталожени, поздрави и посреќни, постојат неколку едноставни начини за кои ви се потребни само 20 минути медитација.
Во текот на 24 часа човечкиот мозок може да обработи до 70 000 мисли, дури и за време на спиењето. Секој ден содржи 86 400 секунди, што значи дека за секои 1,2 секунди вашиот мозок обработува нова мисла. Негативните мисли може да станат доминантни повеќе отколку позитивните и оптимистичките, па експертите советуваат самокритичноста да се филтрира, колку што е можно повеќе. Често негативните мисли се повторуваат и водат кон анксиозност, депресија, и само со ослободување од нив можеме да станеме помирни, повеќе фокусирани и посреќни.
Докажано е дека медитацијата го намалува стресот, го подобрува метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и влијае врз когнитивните функции на мозокот. И сè што ви е потребно е удобен стол, ќебе, соба која е тивка и слаба светлина.
Исправете го 'рбетот, поставете ги рацете на колена, а доколку не сте сигурни дали сте зазеле добра позиција, обрнете внимание на членовите од вашето семејството, а доколку тие се претвориле во "бубачки" за да не ви сметаат, знајте дека сте успеале. Пронајдете точка на ѕидот и фокусирајте се, вдишете 6 пати длабоко, затворете ги очите и обидете се да ги слушнете звуците што ги произведува вашето тело, вашиот здив и отчукувањето на срцето. Вниманието за почеток насочете го кон дишењето, односно не размислувајте, туку само фокусирајте се на здивот.
Познат е фактот дека смеата помага за ослободување ендорфин, па според тоа релаксирајте се и замислувајте се себеси како се смешкате. Мислите што може да ви се јават за време на медитацијата, понекогаш можат да бидат збунувачки, често такви за да ве вратат во состојба како пред почетокот на медитацијата, но доколку ова се случи со вас, сместете се во вашата удобна фотелја, барем за некое време.
Секојпат кога вдишувате замислете дека пуштате корени длабоко во земјата под себе, односно под вашиот дом. По 20 минути, време е да се вратите во реалноста, полека вдишете што повеќе кислород и отворете ги очите.