Рубрика: Информатика
Интел најавува зголемено присуство кај мобилните уреди
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 28.02.2013 - 12:42

На Светскииот мобилен конгрес кој, како и секоја година, се одржува во Барселона, Шпанија, Корпорацијата Интел објави нови производи, екосистем и дополнителни напори да се зголеми присуството на компанијата кај мобилните уреди и да се придонесе за побогати искуства со Intel Inside.
Интел ја пушта во продажба платформата со двојадрен процесор Интел Атом (досега позната како "Clover Trail+") која е насочена кон подобрување на перформансите и користење во пазарниот сегмент на главнината од паметни телефони, овозможувајќи удвоена процесирачка моќ и перформанси и трипати подобри графички можности, надополнети со долготрајна батерија. Производот за прв пат ќе се појави и кај Андроид таблетите.
Исто така го претстави и најмалото LTE multimode решение со најмала потрошувачка на енергија за глобален роаминг во една единица со можност за следење и подесување на антена. Во првата половина на 2013 година ќе започне испораката и на multimode моделите.
Со ова продолжува динамиката на новите пазари со процесорот Intel Atom Z2420, вклучувајќи нова соработка за смарт телефони со Etisalat во Египет. Исто така ASUS ќе дебитира со нов андроид таблет базиран на процесорот Атом Z2420.
Најавена е и поддршка од водечки дизајнери за нова генерација Атом четиријадрен систем на чип (“Bay Trail”), кој е закажан за сезоната на одмори во 2013 година.
Интел објави и проширување на екосистемот преку напорите да се изнајдат нови уреди и иновации на пазарот преку најразлични уреди базирани на Windows* и Android*.
Повеќе за претставувањето на Интел на Светскиот конгрес за мобилна телефонија во следниот број на ЕМИТЕР.